Пејачот Дејан Матиќ пред неколку години одлучил со семејството да се пресели во Виена, а како што вели тој воопшто не е загрижен за својата финансиска состојба.
– Навикнат сум да бидам добро организиран, навикнат сум да живеам со 100 евра и со 1000 евра.
Се е работа на организација, да може да се прилагоди на се – вели популарниот пејач за „Курир“.
Во една од емисиите на Огнен Амиџиќ тој прочитал навредлива порака на еден гледач која била упатена кон Саша Матиќ, неговиот брат.
– Ако Саша може да носи часовник, јас можам да носам прс луче по дома, напишал твитерџијата.
Матиќ на ова културно му одговорил и ефектно го спуштил одговарајќи дека секојдневно носи часовник а не само на спотовите. Потоа го допрел часовникот и го кажал точното време.
Популарниот српски пејач, Саша Матиќ ретко кога се појавува во јавност со неговото семејство, а исто така избегнува и да говори за својот приватен живот.
Сепак, тој може да се пофали со убаво семејство кое е плод на неговиот брак со сопругата Ангелина со која е веќе скоро две децении.
Нивната постара ќерка, Александра веќе има 20 години, а помалата Тара е на 15 годишна возраст.
– Семејството е компасот кој ве води. Тоа ве инспирира да достигнете големи височини, дури и откако повремено ќе паднете, стои под оваа фотографија од семејството Матиќ.
Неговот брат, пејачот Дејан Матиќ откри дека опас ните момци често го канат на забави, а тој нема проблем да им пее.
Никогаш не сум имал проблем со опасни момци и точно е дека често ме викаат да им пеам.
Претпоставувам дека зрачам со таа позитивна енергија, а на места каде навистина можеше да има некои проблеми, тие не се случија.
Што се однесува до бакшишот, тоа варира од забава до забава, но генерално секаде е исто кога луѓето се забавуваат на моите тезги.
Секогаш сакам да доаѓам и да настапувам во Белград и Србија, затоа што не живеам овде, па сакам да сум дома – рече тој.
Дејан истакна дека воопшто не го засегаат приказните дека не е во добри односи со брат му Саша.
Никогаш не ме погодиле приказните дека не сум во добри односи со брат ми, не знам кој е заинтересиран да се занимава со тие работи.
Јас и Сале сме секогаш тука еден за друг, се каравме само кога бевме деца. Имаме нераскинлива врска, веќе знаете како е со близнаците.
Нон-стоп разговараме и никогаш од ниедна причина не сме биле љубоморни еден на друг – изјави Матиќ.