Naslovna Zivot Спенџарска: Вториот ден кога го видов Лукас, цел живот заедно ми помина...

Спенџарска: Вториот ден кога го видов Лукас, цел живот заедно ми помина пред очи, за секунда

Јелена Спенџарска во една прилика на нејзиниот Инстаграм профил овозможи опција на читателите да ѝ пишуваат анонимни пораки на кои таа потоа ги коментира или одговара.

Всушност се најдоа многу интересни теми, за кои Јелена не говорела досега:

Една од пораките беше: „Те следам долго, прекрасни си ми и интересна! Читам само негативни коментари за тебе и сфатив дека луѓето ти љубоморат бидејќи не можат да живеат како Ти. Продолжи да уживаш,“ на што Јелена напиша:

„Човек кој е исполнет и среќен лично мислам дека нема време, да и да има никогаш нема да седне и да пишува јавно нешто грдо за некој друг.

Дали е љубомора, некоја фрустрација, огорченост, спрема сопствениот живот, не навлегувам, не знам, но и не ми е воопшто важно.

Имам прекрасен живот, прекрасни луѓе околу мене, имам можности да си ги живеам соништата, да патувам каде сакамм здрава сум и ментално мнооогу силна, среќна и исполнета на секое поле.

Конечно имам и свој сопствен стан (затоа и ќе се селам од стариот) се чувствувам благословена за сѐ што имам, и знам дека ќе имам и уште повеќе иако ништо не барам затоа што така идат тие работи.

Колку повеќе си благодарен за тоа што го имаш – толку повеќе добиваш од овој живот! Немам ни желба, ни време искрено да читам коментари, горе-доле можам да замислам што се случува таму.

И многу ми е жал што Македончето не се научи и не се научи дека може да си направи ремек-дело од својот живот без политика, оговарање и губење време на интернет…

Има тоооолку многу убави работи надвор од овој менталитет!, напиша Јелена на што потоа следење прашање за нејзиниот љубовен живот:

-Многу прашања на темава, па ќе се обидам на кратко некако да се изјазнам, започна Јелена.

„Многу луѓе гледам дека наоѓањето на партнер го сметаат за животно достигнување. Јас НЕ!

Секако, преубаво е да имаш некој до себе со кого заедно ќе растете и создавате, некој со кого ќе си бидете и љубов и најдобри пријатели.

Но гледам дека денеска тоа се прави по секоја цена, како луѓето да не сакаат да останат сами и наоѓаат нило кој колку само да споделат некој дел од себе со некој.

НЕМА ВИСТИНСКИ ВРЕДНОСТИ, тоа ми е муабетот. Женети мажи очајни по други жени врие во градот, а и обратно!

„Верни“ дечковци кои јавно се во врска, а пишуваат и се гледаат со други, исто има колку сакаш…

I’m sick of it! Да бидам искрена, мислам дека долго време го давав најдоброто од себе на погрешни личности кои мнооогу посакував да бидат вистински, а длабоко во себе знаев дека не се.

И одлучив дека ми треба време да бидам сама, да се запознаат подобро, да станам посвесна за тоа која сум и што точно сакам од мојот следен партнер, изјави Јелена која набрзо потоа се запозна со Лукас кој целосно ѝ го смени животот.

Јелена, повторно ја овозможи опцијата да ја прашуваат на Инстаграм лични прашања, но и некој кој има проблем, да ѝ се обрати на водителката, а таа да одговори.

-Како се запознавте со дечко ти? Прекрасни сте, стоеше во едно од прашањата, а Јелена ја кажа интересната приказна:

Нашето запознавање се случи буквално од нигде-никаде, еден сосема обичен ден додека бев на одмор во Грција. Денот го памтам до детаљ, но ПОСЛЕДНО нешто на кое се надевав е дека ќе запознаам човек коі комплетно ке ми го промени
животот!

Имаме многу интересна приказна за тоа како ние се споивме, многу чудни ситуации ни се случија и на двајцата неколку дена пред воопшто и да знаеме дека постоиме еден за друг, но како велат:

– НЕМА НИШТО СЛУЧАЈНО, па така подоцна сфативме ЗОШТО СЕ СЛУЧИЛО ТОА ШТО СЕ СЛУЧИЛО.

Да скратам, долгата приказна jа чуваме за себе, важно е дека животот нѐ спои и уште поважно, кога ми велеле луѓето кога ќе го сретнеш вистинскиот – ќе знаеш, jас не верував
во тоа…

Ама ете сега го почувствував истото и конечно ЗНАМ!!, рече Јелена и откри како се чувствувала кога го запознала Лукас:

-Со Лукас, првиот ден кога се сретнавме беше онака, нормално, ништо филмско да паднеш во несвест и да си речеш ЛЕЛЕЕЕЕ, ТОД Е ТОА.

Ама вториот ден……. e вториот ден кога го видов, искрено како некоі глас во мене да рече ОВА Е ЧОВЕКОТ! Не знам како да ви го обіаснам тоа.

Ме фати таква трема и возбуда во исто време, мислам дека цел живот заедно ми помина пред очи за секунда, многу, МНОООГУ чудно чувство!!!

Не сум јас некоја романтичарка, нити сум некоја која некогаш јавно пишувала љубовни детали, ама овојпат е сѐ толку различно и стварно не можам да ви објаснам колку ЗНАЕТЕ ВО СЕБЕ КОГА ГО ИМАТЕ ВИСТИНСКИОТ ЧОВЕК!!!