Naslovna Zivot Шекеринска во опуштено издание, весела и насмеана во друштво на овој човек...

Шекеринска во опуштено издание, весела и насмеана во друштво на овој човек (ФОТО)

Радмила Шекеринска мината година се повлече од министерската позиција во Владата. Независно дали повторно ќе се активира во високата политика, таа остави неизбришлива трага во изминатите децении независност.

Во мај минатата година, беа одбележани 65 години од почетокот со работа на хидроелектричната централа Вруток, која заедно со хидроцентралите Врбен и Равен, ја претставува целината на хидросистемот Маврово.

Оваа хидроцентрала била изградена како основа за енергетска независност на Македонија.

По овој повод, на својот профил на социјалните мрежи, се огласи поранешната Министерка за одбрана и висок функционер во повеќе Влади на СДСМ, како и во партијата, Радмила Шекеринска.

Таа објасни, кој бил нејзиниот дедо и каков е неговиот придонес во овој хидро систем: „Дедо ми, Никола Грашески, веќе одамна не е меѓу нас.

Зад него останаа нашите спомени за неговите чести отсуства, радосните враќања дома, многуте шеги кои сеуште ги користиме и онаа шифра “чичо” која и денес тешко можеме да ја објасниме на луѓето вон нашето семејство…

Останаа и неколку работи кои уште подолго ќе траат и ќе го чуваат споменот на неговата работа и посветеност.

Една од нив е ХЕЦ Маврово која денес го прослави 65 годишниот јубилеј. Како технички директор за време на градбата од 1952, а потоа и прв човек на ХЕЦ Мавровски хидроелектрани – за дедо ми ХЕЦот беше првата гордост.

Со право! Бил штотуку дипломиран електроинженер кој веднаш бил “фрлен во оган” и во многу кусо време, низ многу критични моменти и по многу одрекувања и жртви – Македонија го доби својот клучен хидрокапацитет.

Дедо ми никогаш не правеше “драма” од своите завршени задачи (тука спаѓаат и РЕК Битола и Топлификација), ама за ХЕЦ Маврово знаеше да раскажува анегдоти за убавите и тешки денови.

Наместо анегдота (некои работи се сепак само семејни), овде постирам една негова фотографија (вистинска) од посетата на Тито, при пуштањето на ХЕЦ Вруток…

Во чест на јубилејот да се сетиме на сите оние кои оставија зад себе сериозни капацитети кои и денес го носат нашиот енергетски систем. Слава им.“, напиша Шекеринска во мај минатата година.

-И Бобо и јас имаме дедо и прадедо кои биле попови, едниот во Штип, другиот во Куманово.

Но, особено во моето семејство христијанството многу малку се гледа во ритуалите врзани за трпеза или празници, а многу повеќе во вредностите кои ги претставува.

Љубов кон ближниот, помош кон послабиот, верба во доброто – на тоа ме учеле и на тоа ја учиме и нашата ќерка“, изјави Шекеринска во едо празнично интервју за Женски магазин и додаде:

-Не сум од оние мајки кои го планираат животот и иднината на своето дете. Мислам дека тоа е невозможно.

И штетно, дури и опасно. Пред неколку години, прв пат ми поставија слично прашање: на што сакам да ја научам својата ќерка?

Одговорот и денес ми е идентичен: да сака да знае и да знае да сака.

Ада е весела, позитивна, на моменти малку срамежлива, и со голема емпатија. Точно знае кога некому му треба помош, а кога прегратка или убав збор.

Пред неколку недели се сретнав со мајката на едно девојче кое годинава се приклучи на нивното одделение.

Немаше доволно зборови за да се заблагодари за помошта која Ада ѝ ја давала секој ден да се прилагоди, да се вклопи и навикне.

Ада ми немаше кажано ни збор за тоа. Не се пофалила, ама го правела тоа цело време. Признавам, многу бев горда на неа“ рекла Шекеринска.

Шеќеринска вво опуштено издание се појавила на претставата „Жени во собрание“ во Театар Комедија, а на оваа претстава во публиката имало доста познати лица.

Театар Комедија објави слики од дружбата по претставата во холот на тетарот, а на нив е и Шеќеринска, насмеана и весела, на која како и на многумина очигледно дека и се бендисала претставата

Таа е во друштво на Дарко Спасов, кој од минатата година е директор на оваа театарска установа, а инаку е драматург.