Naslovna Zivot Сани му се обрати на сопругот Никола: Сам си ја потпиша судбината,...

Сани му се обрати на сопругот Никола: Сам си ја потпиша судбината, па покажа колку спечалила во една вечер (ФОТО)

На Сани Гроздановска секоја вечер ѝ е турбо до раните утрински часови за што секако е потребна многу енергија.

Слободно може да се каже дека Сани е една од топ трите македонски фолкерки.

Дека Сани се искачи на врвот во Македонија, потврдува и снимката која Сани ја објави пред некое време, каде пее со кралот на балканските свирки, Аца Лукас.

Лукас е еден од најскапите пејачи за настапи и не може секој со него да настапува на сцена. Штом ја одбрал Сани, значи видел во неа квалитет, а веројатно и му било кажано која е во моментов најпопуларна, или една од најпопуларните пејачки во Македонија.

Сани ги демантираше сите шушкања за наводната афера со Аца Лукас.

„Јас Аца Лукас не го шармирав на љубовен план, го шармирав со пеење. Не му се верувало дека некој во Македонија има таков целосен пакет. Не сум го освоила на љубовен план, како што се пишуваше“ вели Гроздановска и додава:

„Разговаравме околу песната, околу кариерата, околу настапите, ме праша кога ќе снимам во Србија. Па, можеби ќе излезе некој дует. Не се знае“ рече пејачката за Бекстејџ.

Таа е среќна жена, и двете ќерки нејзина голема потпора е и мајка ѝ Благица, која во една прилика ја покажа на социјалните мрежи и откри колку ѝ важна и колку направила убави нешта за неа.

-Ова е мојата мајка! Мојата мајка нѐ изгледа сите, па и внуците, и правнуците! Мојата мајка никогаш не се жалеше на умор, чување деца нејзе и беше хоби да се дружи со сите нив!!! Она е нај сакана БАБИЦКА!!! ОНА Е БАБА БАЦКА!!!“

Особено внимание привлече една снимка каде што Сани е со длабок шлиц, а пее во дует со Благоја Грујовски.

Всушност, станува збор за песната „Зошто толку чекаме’, која јаа пееле на фестиваклот Охрид фест и станува збор за една убава нариодна, љубовна песна.

Сани има навистина провокативна креација за овој настап, а на Баже му годи такво убаво друштво и таков поглед. Плус, за време на настапот дува ветер, па фустанот на Сани уште повеќе открива.

Сани на Фејсбук се пошегува на сметка на стостојбата со правење резерви за брашно, масло и бензин и напиша: Ќе одам по брашно, квасец, макарони, што друго се купува? Дијазепами, Хеклекс, Лунерба?

На ова ѝ возвратиле многу пријатели, а меѓу нив е и познатиот водител од Охрид Жанко Голабовски кој ѝ напишал: Чуму ти брашно и квасец кога не знаеш да месиш. На ова Сани му одговорила:

-Јас супа да сварам знам. Подолу, во коментарите пријатели ја бранеа Сани таа таа е супер домаќинка и знае да зготви многу специјалитети.

Сани често објавува слики со вереникот, а во секој момент се очекуваше таа да облече венчаница, да ја видиме Сани во бело по третпат.

Но, таа ги изненади своите фанови кога во тајност се омажила, а на Интаграм профилот си го смени своето презиме во Урдаревиќ, повеќе не е Гроздановска.

Сани нема изјавено ништо за венчавката, но на профилот кај нејзиниот новопечен сопруг, Никола има само една слика со Сани на која изгледаат многу вљубени а во коментар, Јасмин Курузовиќ им напишал: „Најдобри“, што значи дека приватно се дружат паровите, Никола и Сани, и Јасмин и Сузе.

Никола Урдаревиќ е нашинец кој живее во Швајцарија и на неговиот профил стои дека е менаџер на спа хотел во Леукербад, општина во округот Леук во кантонот Вале во Швајцарија.

Сани често објавува слики како ужива во овој хотел, а неодамна ги однесе и ќерките таму на викенд. Нашата згодна фолкерка се почесто објавува слики од својот маж.

Сани на своето стори објавила слика како пее на некоја журка, а она што „фаќа“ око е тоа дека Сани го обвиткала микрофонот со илјадарки, што значи и во многу наврати е докажано дека таа е една од нашите најквалитетни вокали кои со задоволство се слушаат.

Имено, Сани објавила и слика од венчавката со Никола и може да се види дека не облекла венчаница. На сликата и двајцата се многу убави и изгледаат многу среќно. Сани ни е позната по тоа што е шегобијка, а на сликата со Никола напишала:

-„Сам си ја потпиша судбината“, а Никола очигледно не се кае кога покрај себе има ваква јака девојка.