Naslovna Zivot Приказна за ќерката на Јулија од која течат солзи- Не можам да...

Приказна за ќерката на Јулија од која течат солзи- Не можам да живеам во лага, ако вистината јас ја знам

Андријана Мациев, ќерката на пејачката Јулија која беше ликовен уметник, се упокои на 12. мај минатата година, по долга и тешка битка со кан цер.

Пејачката и водителка Јулија Мациев, последниов период отворено зборуваше за својата голема животна борба, борбата на нејзината ќерка со канце-рот.

Јулија на Фејсбук објавуваше фотографии од нејзината ќерка како прима терапија и добиваше поддрршка од многу пријатели.

Како што е познато, ќерката на Јулија беше ликовен уметник, и токму нејзините коелги, уметниците решија да ѝ помогнат да се избори во тешките мигови.

На Фејсбук, беше активна групата „Уметниците за Андријана Мациев“ каде бројни еминентни академски сликари и ликовни уметници ги постираа своите избрани уметнички дела.

Тие се достапни во продажба по многу прифатливи цени, за сите кои ја сакаат уметноста и кои, се разбира, сакаат да ѝ дадат поддршка на ликовната уметница Андријана Мациев, во борбата со канц-ерот“, пренесе Слободен печат претходно додека беше жива Адријана.

Јулија е пејачка, новинарка, а со години наназад и ТВ водителка, но последниве, таа стана и тренер за личен раст и развој, откако ја загуби својата мајка која ѝ беше голема поддршка.

Таа уште на млади години го изгуби сопругот и животот го посвети на својата ќерка Андријана, а последните две децении и на внуката Стефанија. Стефанија е актерка и Јулија и нејзината ќерка се многу горди на неа.

Јулија неодамна објави слики од внуката на театарска сцена. По загубата на ќерката, Јулија се крена на нозе и продолжи со снимањето на нејзината емисија „Будење со Јулија“

Јулија постираше една многу емотивна порака од Руменка Смилковски, која е инаку медицинаска сестра, а зборовите кои ѝ ги испратила Руменка се поврзани со нејзината упкоена ќерка.

Ох Руменка Руменка Смилковски, душо Божествена…во вистинско време дојде пораката… солзи течат како река, зашто точно е. „Не можам, а можам, за мојата единствена Ан, за Ангелот со срце како планина,со душа широка недогледна“.

Не можете да го започнете следното поглавје од Вашиот живот,ако продолжите да го читате она што е зад Вас. Не можете да продолжите да живеете ако мислите дека тој што заминал од земниот свет и не е до Вас,не е секогаш покрај Вас и околу Вас.

Не можете да продолжите да живеете ако секојдневно слушате кој што рекол,секој нека си живее како сака,а вие продолжете со патеката која сами сте си ја креирале.

Не можам. Не можам да живеам во лага. Ако вистината јас ја знам. Ако вистината е таа која колку и да е болна ја лекува секоја моја рана. Не можам да живеам во илузија.

Затоа што знам дека на секоја страна од моето постоење си ти единствена моја. Не можам да живеам во темнина, затоа што знам дека колку и да е мрачен светот, ти си секогаш тука околу мене.

И најтемната ноќ ја осветлуваш како ден. Не можам да живеам во раскош. Затоа што знам дека после тебе остави зрно кое треба да го одгледувам. За да еден ден стане плод со кој и ти и јас би се гордееле.

Можам мила моја да живеам. За мене. Да се борам за љубовта кон тебе. За делот од твојата душа. За делот од нашето срце. За делот од заедничката иднина. За нас мила моја.

За ангелот со срце како планина. Душа широка недогледна.

Со љубов во недоглед за мојата Анчи. Руменка Смилковски“, стои во стиховите кои ја опишале љубовта која Руменка ја чувствувала кон Адријана и кои зборуваат за нејзината личност.