Перо Антиќ во една прилика рече дека се изненадил кога го поканиле во НБА, затоа што имал 32 години и не сакал да „му закуцаваат помлади“, како што рече..
„Знаеш кај нас како е, прва тема на маса, ако те закуца. Спонтано излезе и не сакав да бидам еден од тие што имале шанса да отидат, а не отишле“, изјави Перо.
„Имав јас и претходно понуди, ама ги бирав парите, искрен да бидам. Трета мајка важи. Избрав да одам за помалку пари ама да го прифатам предизикот“, рече Перо.
Потоа додаде дека во исто време кога заминал во НБА, имал и понуда да оди во „Барселона“, но менаџерот му ја сменил кариерата на подобро.
„Со менаџерот не се слушаме после 10, а тој ми се јави во 11. Сакаш да одиш во НБА? Јас му викам: Што, Барселона пропадна?
Не, само така те прашувам. И буквално испадна за пет минути да одам во НБА“, раскажа Перо Антиќ.
За своите три сина, Перо рече дека во ниту еден од нив не го гледа својот наследник. Лука и Павел се во кошарката, но тој не им прави никаков притисок, туку им дава поддршка правилно да се развиваат.
Перо за себе си рече дека е бунтовник со причина. „Таков е мојот карактер, имам и тетоважа: Мој живот, мои правила, но не со глава во ѕид.
Сам создавам за себе и за својата фамилија и мислам дека треба да ги следам своите правила.
Секогаш главата горе, животот е школо. Ако ја спуштиш, значи нешто те натерало“, одговори Антиќ.
-Едноставно кога знаеш дека донесуваш правилни одлуки, за доброто на кошарката, а не за себе не те допира ништо. Ми фали тоа да се конфронтирам, расправам и објаснувам, тоа беше мое размислување порано, но не гледам во тоа добивка.
Се работи за национален интерес за кошарката и сакаме да ги искористиме сите наши врски на најдобар можен начин за да се извадат нови кошаркари, нови млади.
Одиме само напред и не ги гледаме негативните коментари поради тоа што тие имаат, колку што знам јас еден лајк, еден „шер“ и на луѓето им е преку глава веќе од тоа.
Кај нас е „дежа-ву“, сите се тренери, сите се директори, сѐ и сешто. Четиригодишен е мандатот, но воопшто не ми е важно. Ако не им се допаѓа на работењето, условите нека донесат подобар слободно.
Ниту сум врзан за таа функција, ниту било кој треба да биде врзан за функција. Треба да биде врзан за доброто на кошарката, ако не им годи јас ќе најдам нов предизвик. Тоа е најмал проблем.
Со најпозитвно сеќавање би излегол од таму. Клубовите одлучуваат, здруженијата, па ако не им се допаѓа прв ќе си отидам – вели меѓу другото Антиќ во ова интервју кој е претседател на КФМ.
Познато е дека Перо е во врска со манекенката Катарина Ивановска. Заедно не објавуваат многу заеднички слики заедно, но Катарина често знае да објави некој „мим“ каде што ќе го „буцне“ Перо на шеговит начин.
Така таа пред некое време објави на своето стори „мим“ на кое пишуваше што мислат мажите, какви мажи сакаат жените, а до описот имаше маж со мускулесто тело, додека под тоа пишуваше какви мажи навистина сакаат жените и имаше слика од познатиот глумец кој е насмеан и изгледа слатко, но не е мускулест како тој на првата слика.
Катарина можеби со оваа слика на Перо му појаснува нешто, но во секој случај може да се каже дека тој припаѓа во двете групи, па манекенката се посреќила.
Перо на своето стори интересна фотографија, а тој често не се покажува на социјалните мрежи. Перо објавил слика на која се гледаат две мали масички на кои има свеќи, а од околу сѐ е темница.
Атмосферата дефинитивно наликува на романтична, а дали Перо и Катарина вака уживаат, останува само тие двајца да знаат.
Она што е интересно е тоа што Перо на сликата ги прозвал ЕВН и додал стикер на кој пишува „Хелп.“