Мила Царовска е еден од највпечатливите женски ликови што се појавиле на македонската политичка сцена.
Ситна по конституција, но мошне енергична и храбра, таа изгради имиџ на жена политичар со силен интегритет и јасна визија“, напиша Женски магаизн во една прилика за поранешмната министерка за Труд и социјална политика и за Образование и наука.
-Факт е дека родовата ненеднаквост се` уште е присутна. Ние веќе работиме на неколку фр онта.
Пред се` работиме на промената на перцепцијата, ставовите на целото население за улогата на жената во нашето општество.
Родова еднаквост значи учество на жените во сите сектори. И токму затоа оперативните мерки за вработување ги адаптиравме со цел да се постигне 50 отсто од нив да се искористени од жени.
Тоа укажува дека ги мотивираме жените да бидат економски независни. Кога една жена е економски независна, таа има простор да се гради и себе си и да учествува во сите општествени текови.
Има уште многу борба пред нас. Јас лично многу сакам да вложуваме во девојчињата.
Кај идните генерации сакам да постигнеме јасна визија дека родовата еднаквост е учество на сите граѓани во државата на сите функции и дека не е борба меѓу меѓу мажите и жените.
Дека жените не заземаат ничиј простор, туку едноставно учествуваат подеднакво во општетсвото.
Жени ни требаат на сите позиции еднакво како и мажите. За хумано опшество треба заеднички да се борат и мажите и жените.
Оваа влада и со маж премиер покажа дека сака да вложува во хумано општетсво. Треба само да останеме на таа патека.
Со Данска не можеме да се споредуваме, но не е невозможно да постигнеме подобри услови за работа и поголема продуктивност.
Тогаш ќе имаме повеќе и за расоределба“, рекла Царовска која била министерка за труд и социјална политика.
-Професионално сакам да останам со истиот ентузијазам и ништо да не ме поколеба во борбата за поправедно општество. На личен план, на син ми му посакувам среќа и мирно детство“, изјавила Царовска.
А, инаку нејзиниот син Давид има 10 години и ѝ бил главна поддршка на Царовска на на еден хуманитарен настан во Скопје во 2019 година и заедно правеле мафини.
-Бев на слава кај едни мои блиски луѓе. Седејќи во друштво, едно помладо момче ми рече: „Да ти кажам една приказна од твојот ресор.
Едни мои пријатели се разведуваат. Знаеш ли зошто? Жената е пси хоп ат. Пет месеци откако го родила детето се вратила на работа од породилно“, раскажала Царовска на еден настан.
„Тогаш, му реков на пријателот, и јас сум . Јас се вратив на работното место кога моето бебе имаше шест месеци.
Го носев на работа со мене, спиеше кај мене во канцеларија“, продолжила таа. Исто така нагласила дека е многу важна меѓусебната женска солидарност.
„Ние имаме дури и повеќе обврски од мажите. Кај жените постојат бариери во работата, како да не се дел од масата.
Но, во поново време, женските тимови успеваат“, рекла Царовска. Таа по долго време се појавила во јавноста, на претставата „Жени во собрание“ во Театар комедија.
Облечена е во кожна јакна, расположена и сликана заедно со директорот на овој театар Дарко Спасов, и со поранешната министерка за култура Ирена Стефоска.