Ирена Спировска повеќе од две децении наназад се врзува со ТВ-водителството кај нас.
Таа важи за една од најистрајните личности на македонскиот ТВ-етер, каде што има променето низа телевизиски станици и емисии и сѐ уште е една од најбараните водителки.
Родена и порасната во Скопје, Ирена паралелно со нејзините студии на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје почнала и со ангажман во Македонската радио-телевизија.
И покрај тогашните редовни ТВ-обврски, таа успеала да го заврши факултетот на Катедрата за македонски јазик и јужнословенска книжевност“, напиша Факултети.мк во една прилика за Ирена.
-Сите предмети ми беа еднакво интересни и инспиративни. Особено ги сакав предавањата на професорот Венко Андоновски. Најчесто учев ноќе, кога сѐ беше мирно и кога немав други обврски.
Преку ден најмногу сакав да учам сама во библиотека, а со колегите често пиевме кафе за време на паузите и разменувавме заклучоци. Во тоа време трговскиот центар Мавровка беше особено популарен.
Олеснителна околност беше што сѐ ми беше блиску. Зградата на МРТ е веднаш наспроти факултетот, што ми даваше можност да претрчам од работа на факултет или обратно.
Со оглед на тоа дека студирав и работев, имав свој џепарлак и возев автомобил, па за мене студентскиот живот беше особено динамичен, забавен и исполнет – се присетува Ирена.
Времето потребно да спремам испит зависеше од предметот што го подготвував, но и од моите работни обврски.
Некогаш се случуваше за кратко време да спремам испит, а некогаш ми требаа месеци за да успеам да најдам време да го научам целиот материјал.
Затоа и студирањето го развлеков малку повеќе, бидејќи работата ми беше на прво место“, изјавила Спировска за овој медиум, а потоа раскажала како „се носела“ кога студирала.
Фармерки, старки, кошула или блузон за на факултет, наспроти формалните високи потпетици и елегантни фустани за пред ТВ-екраните. На тој начин варирал стилот на Ирена за време на студентските денови.
Таа тогаш интензивно се дружела со нејзините колеги, а по дипломирањето тие контакти малку избледнале. Сепак, преку социјалните мрежи успеале да се вратат.
Годините треба да ги носиме со гордост, а не да ги прикриваме, е девизата на нашата позната водителка Ирена Спировска. Умереноста и здравиот живот ѝ помогнале на Ирена 30 години да ја има истата тежина.
– Никогаш не сум имала проблем со килограмите, но откако знам за себе внимавам да не претерувам со конзумирање на мрсна и висококалорична храна.
Месо не јадам повеќе од една деценија, не пијам газирани сокови, избегнувам да јадам леб и пецива од бело брашно.
30 години ја имам истата тежина. Конзумирам многу овошје и свеж зеленчук, сакам едноставни јадења кои брзо се подготвуваат и кои не бараат претерана термичка обработка.
Јас многу повеќе ги сакам т.н. аутдор активности, а пред сѐ планинарењето и им го препорачувам на сите без разлика на возраста и физичката подготвеност.
Секој може да најде соодветен терен за планинарење и да ужива во многубројните придобивки од хајкингот. Македонија е земја се преубави планини!“, вели Ирена за Женски магазин која оваа година ќе наполни 49 години.