Верица Пандиловска е една од најпознатите пејачки во поп-музиката која порано бепше доста активна на фестивалите, а пееше и во доста ноќни клубови низ Македонија.
Првата асоцијација на пејачката Верица Пандиловска-Гичева е нејзиниот најголем хит “К у чкин син’. На многуте фестивалски настапи, на клубските свирки на кои славеа и со кои пораснаа многу генерации.
Верче секогаш настапуваше соло, а со моќниот глас и со изборот на песни беше впечетлива и запаметена како претставува еден цел бенд-тим“, напиша Женски магазин во една прилика.
Но, таа во последно време како да се повлече од музиката. Слабо ја има на фестивалите, и одамна не сме чуле нејзина нова песна или не сме чуле дека некаде има настап.
– Музиката не ми недостасува бидејќи е секојдневен дел од мојот живот.
Немам секојдневни клубски настапи, но тоа е разбирливо бидејќи поради ков ид ситуацијата, никој и никаде не настапуваше.
Добивам одвреме навреме мотив за целовечерен натасап.
Последно такв нешто беше за време на карантин, за 2ри Мај а во живо за првпат со Бени кога настапив на настанот, промоцијата на публикацијата.
Живеам од друга професија која не е музика, но е повторно поврзана со луѓе, јавност, настапи на некој начин. Многу слично како музика само што сега акцентот е говор а не пеење“, кажа Верица во Женски магазин за време на пандемијата.
Во овој период не сум во можност да се посветам на комплетен авторски материјал за носач на звук. Можеби некој сингл и спот би дошол во предвид во некоја блиска иднина“, додаде таа.
Верица е долги години во брак со Звонко Гичев, и ја прашале:
Како лично гледаш на долгите врски и бракови кои успеваат и се негуваат, како го негувате вашиот?
-Взаемно почитување, реципроцитет и љубов се вистинскиот рецепт за успешна семејна и партнерска врска.
Ние сме од деца заедно така да се познаваме многу добро. Знаеме кога на кого му треба време и простор за себе. Тоа е многу важно за здрава релација помеѓу маж и жена“, одговорила таа.
Повод за ова интервју во кое зборувала Пандиловска е всушност нејзината прва книга „Невербална комуникација“, која била промовирана минатата година неодамна и носи силна порака.
Сите собрани средства од продажбата на книгата, беа подарени во хуманитарни цели. А еве што всушност таа сега работи и која е нејзината примарна професија, а не е музиката.
Таа е основач и претседател на граѓанската организација “ЕУ ИНСТИТУТ Скопје“ и често организира настани со разни поводи.
Здружението за образовно истражувачки развој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје е граѓанска организација основана со основна цел за промовирање и развој на европските вредности.
Преку организирање и реализација на истражувачки и едукативни проекти од областа на европските вредности, меѓуетничките односи, човекови права, пазарот на капитал, медиуми и комуникации и други соодветни активности, како семинари, конгреси, тренинзи обуки и сл.
Јас сум еден од основачите а воедно и претседател на здружението.
Во овие години од нашето постоење посветено работевме на неформална едукација кај населението преку развој на нови, отворени и комплементарни приоди кои ќе ни овозможат создавање на поефикасна мрежа на идни соработници кои работат за општото добро во државата.
Работиме на идентификација и репознавање на потребата на граѓаните. Целна категорија ни се млади луѓе но и возрасно население“, изјавила Пандиловска.
На новите слики кои Верица ги објавила на Фејс, таа е во друштво на фолк пејачката Зорица Брунцлик, и тоа во Холандија, а поводот е српскит празник Свети Сава чија прослава ја организирала Српската православна црква.
Светосавски Бал, Холандија 2023. Искрени честитки за СПЦ за комплетната организација на балот и неделната свечена литургија по повод празникот. За многу години Св. Сава“, напишала Верица која на сликите е ептен дотерана, а со неа е сликан и сопругот.