Вера Мештеровиќ е една од ретките Мис кај нас која ја задржа својата популарност и актуелност, и ќе остане запаметена како првата Мис на Македонија за Мис на светот во 1996 година.
Тогаш, Вера имала само 17 години, и самата отпатувала на изборот за Мис во Индија.
Во една прилика, во Женски магазин раскажа дека искутвото во фолклорните друштва каде што одела како тинејџерка ѝ помогнале во ова искуство, да тргне сама на пат и да го искуси целиот сјај кој трае само додека била на изборот за Мис.
-Изборот за Мис е како приказната за „Пепелашка“. Додека си таму, во фокусот на јавноста, те препознаваат, те третираат како принцеза.
Потоа, кога целиот тој гламур и сјај ќе заврши и му се враќаш на тековниот живот, никој веќе не те познава, ја нема веќе возбудата.
Јас заминав сосема сама, на 17 години, додека девојки од другите земји беа дојдени со цели тимови, шминкери, стилисти.
Финансиски помогнаа и моите родители. Уште додека летав натаму се разбра дека има кандидатка за Мис во авионот“, раскажа Вера.
-Најубавите сеќавања поврзани со тоа време во врска со манекенството, е тоа што сите имавме третман како супер модели, гледаа на нас со почит, а токму тогаш беше и златното време на светските супер модели…
Денес, некако немам чувство дека на манекенките им се возвраќа со таков однос“, кажала Вера во интервју за Фешнел, а потоа додала:
Ме исполнува мајчинството и семејството, а покрај тоа, планирам во скоро време да почнам и со некои други работни обврски.
Понекогаш, кога ќе се присетам на старите денови, ми недостасува манекенството“, рекла Мештеровиќ која сега е водителка на Утринската програма на Канал 5.
Сакам секогаш да бидам природна и да бидам она што сум. Употребувањето на многу шминка не ми го препорачуваа ниту во Македонија, ниту во странство, посочувајќи ми дека ништо повеќе не треба да се разубавува од она постоечкото.
Мислам дека и денес важат истите правила… Моделот секогаш да е среден, негуван, точен и професионален во однос на ангажманот и обврските.
Ќерка мии ја упатила на академија во Англија која се занимава со манекенство и филм, со сѐ што е шоу бизнис, своевремено во 1996 година добив покана од таму, меѓутоа не отидов.
Доколку го сака овој бизнис, јас тоа би и го препорачала, токму од таа академија излегоа едни од најдобрите светски имиња во шоу бизнисот, филмот и модната сцена“, рекла Вера за својата ќерка.
Таа е горда на спортскиот дух на своите деца, Јована (12) која тренира одбојка, и Андреј (14) кој тренира фудбал.
Вера Мештеровиќ пак облечен венчаница, и на Инста објави видео во се шета со неа и се гледа дека одлично ѝ стои. Вера со ова видео искрено раскажа како се чувствува сега:
Тоалетите кој ги создава модниот бренд Елена Лука ќе ви го овозможат токму тоа чувство секогаш да бидете дама која ќе ја паметат било каде и да се појавите“, кажа Вера, и доби комплименти дека е многу убава како невеста.