Naslovna Zivot Тесен фустан со деколте и скапа кола- Стојне живот си живее во...

Тесен фустан со деколте и скапа кола- Стојне живот си живее во Америка (ФОТО)

-Јас постојано работам на нови проекти и постојано имам планови што понатаму, што следи, што треба обожавателите да слушаат ново од мене, рече во една прилика нашата убава фолк пејалка Стојне Николова.

Нашата позната фолк пејачка, која народот доста ја сака, пред извесно време гостуваше во емисијата „Магазин“ на Сител и раскажа интересни нешта.

Зборуваше за тоа колку родната Струмица ѝ недостасувала во времето на пандемијата. Кога имаше 18 години, се упoкои таткото на Стојне, а таа оваа загуба тешко ја прифати.

– Јас ги имам најдобрите браќа на цел свет, јас не можам без нив и тие не можат без мене и секојдневно се слушаме.

Имав тежок период во мојот живот, кога изгубив родител, па дополнително се случи поврзаност меѓу мене и моето семејство.

Ми беше тешко да се одделам од нив. Но имам и пријатели кои ми се како семејство. Мојот менаџер Бобан и неговата сестра Билјана, ми беа поддршка.

Стојне го искоментира делот кога почнала да пее, а тоа започна кога била многу млада, се уште малолетна.

– Започнав да пеам на 15 години. За мене како млада личност на мои 15 години, но сум имала голема поддршка од моето семејство, и зато ми било лесно, како подмачкано. Без проблем ме пуштиле да пеам, не се противеле, боидејќи виделе дека имам талент“, рече Стојне.

– Се уште не сум го дала својот максимум, затоа што сум многу срамежлива, јас сум девица во хороскоп“, додаде Стојне.

– Растена сум со нашата убава стара традиционална песна и таа ми е во душата, а во школските денови повеќе пеев поп. Кога би требало да изберам кој жанр го преферирам повеќе.

Навистина не би можела да се одлучам бидејки за мене жанрот не е битен, битно е само да е музика…без неа не можам“, рече таа во Женски магазин, во една прилика.

Имам добиено повеќе награди во Македонија, а и во Бугарија. Ќе набројам дел: Награда за најдобар дебитант на Валандово фест 2019,

Трета награда на Охрид Фест 2016, Награда за најдобра интерпретација на Пирин фолк 2017, Прва награда од публика на фолк летен хит 2019 и други.

На една од своите слики на Фејсбук, таа е во хеланки и со тесна маица, и вака стегната изгледа супер како и секогаш. А она што е заштитен знак за Стојне се кратките фустани.

Стојне објави слики како си ужиува во Америка, тоест како го живее својот американски сон. Стојне е инаку сега на турнеја низ Америка, и често објавува слики и снмики од своите успешни настапи за нашнците, на повеќе места.

На едната објава, таа е слиана во Лас Вегас, и ги ужива сите убавини на оваа позната туристичка атракција, од која објави повеќе слики од повеќе локации кои ги посетила.

А на друга објава пак, тоест на стори, Стојне е сликана како се вози во скапа кола која личи на лимузина.

Облечена во тесен свилен фустан и го истанува нејзиното деколте.