Naslovna Zivot Спенџарска се чуди: Како бе така миете садови, секоја ви чест на...

Спенџарска се чуди: Како бе така миете садови, секоја ви чест на тие што секој ден тоа го прават

Нашата позната водителка и инфуелсерка Јелена Спепнџарска во едно претходно интервју за „Бекстејџ“ зборуваше за многу нешта и исто така откри како сака да изгледа нејзината сопствена свадба.

„Кога ќе ме прашаат дали сакам традиционална или модерна свадба, јас би сакала мојата свадба да биде со помал број на луѓе, да си направиме некоја забава. За фустанот имам идеја и отсекогаш сум знаела што ќе носам.

Мојот фустан ќе биде многу светкав и не сакам да ми биде бел, сакам да ми биде бледо розе или беж боја. Сакам да биде многу едноставен“ вели Спенџарска. На прашањето кога ќе те мажиме, водителката вели:

„Јас да знам кога, еден датум ќе го кажам. Не сум размислувала за тоа. Како што велат: тоа самото ќе си дојде. Кај мене изгледа уште не дошло. Ама моментално не знам“ вели Јелена и открива дали е заљубена.

„Имам многу убави работи кои ми се случуваат во животот и сум фокусирана на нив. Но, како викаат, кога се сакаш себе, кога инвестираш во себе и се трудиш, и мажот ќе си дојде.

Не треба ти го бараш туку тој ќе те најде. И јас чекам тој да ме најде“ рече Спенџарка претходно, пред да си најде дечко.

Спенџарска даде интервју за Центарот за убавина „Ева“ и зборуваше многу искрено, како никогаш претходно, и откри приказна за своето минато, како порано се барала себеси, не верувала во себе, и како конечно го нашла тоа што го барала.

Таа дел од интервјуто сподели на својот Инстаграм профил и доби многу лајкови.

-Баравме ЛИЧНОСТ, не лице, баравме моќ, самосвесност, енергија. Ја избравме Јелена Спенџарска, познато ТВ лице, амбасадорка на неколку брендови, гласна, видлива и сето тоа со добра причина и цел да ги придвижи луѓето.

Ја седнавме на шминкерско столче и ја соочивме со себе на хартија и пред фотоапарат“, објави центарот на Ева на својката Фејсбук страница.

ЕВА: Која си кога ќе се погледнеш во огледало? Која е Јелена сега? Јелена: Последните, еве да кажам, 4-5 години, доживеав таква внатрешна промена, што понекогаш се прашувам која сум била претходно?!

Сериозно, мене ми требаа години и години работа на себе за да откријам не само која сум туку и што точно сакам од овој живот. И таа потрага не престанува.

Денеска, за себе можам да кажам дека сум една многу среќна и амбициозна жена.

Не верувам толку многу во напорна работа и труд колку што верувам во убава, здрава мисла која може да те однесе каде што ќе посакаш само ако знаеш како да ја одржиш ‘во живот’.

Успеав да допрам до својата внатрешна моќ и сфатив колку сум се потценувала во минатото мислејќи дека нешто не можам, за нешто не ме бива, сум барала погрешни работи на погрешни места, а сѐ веќе сум имала и сѐ било во мене“.

Јелена на своето стори објави како ѝ е животот откога живее сама, па го сподели најчестиот проблем кој го има, а тоа е миењето садови.

-Животот на една „сака да биде“ домаќинка. Ај вчера готвев, тоа карфиол, брокула, сѐ, тавчето да ви го покажам, кој ќе го измие тавчето?

Значи тоа загорено, тоа потпечено, абе првпат, тоа ново ми е, пред еден месец го купив и сефте сакав да го употребам. Значи, јас сум тип пеглање. Јас можам да испеглам, да се релаксирам, уживам, одмарам, медитирам, додека пеглам, полекичка, сѐ ми е супер.

Ама дај ми садови да мијам, мислам јас нели сама живеам, колку имам, 5 чаши цела недела, како бе така миете леле?

Значи, сите домаќинки се жени царици, кои што живеат со деца, со фамилии и дом и секој ден тоа го прават, секоја ви чест, алал да ви е.

15 минути го гледам тавчето, од вчера е тука, искрено ми доаѓа да го фрлам, не да го измијам, ќе си купам ново, е до таму е дојдена работата.

Од истата рубрика е и плаќање сметки. Сакам кога ќе ми стигнат, истиот ден да се платат. Има една сметка која што не можам онлајн да ја платам и морам да одам во банка, за 454 денари или таму преку налог.

А нај што не сакам е да одам во банка, да одам и да чекам ред, ќе си седнеш, ќе си чекаш ред, 500 денари да си платиш, а морам да го направам, затоа што сум многу редовна, рече Јелена на која добро би ѝ дошла помошта од искусни домаќинки, како да го исчисти огноотпорниот сад.