Naslovna Zivot Си легна на жежок песок, на егзотична плажа во Австралија- Зоран Ванев...

Си легна на жежок песок, на егзотична плажа во Австралија- Зоран Ванев објави своја слика во купаќи и покажа како ужива (ФОТО)

И покрај тоа што веќе неколку години наназад е еден од најбараните доктори за природна медицина во Швајцарија, фолк пејачот Зоран Ванев не се откажува од музиката и од настапите.

Во една прилика, за дочекот на Новата 2018 година, пееше пред нашинците во Арберг, Швајцарија, објави Фокус тогаш. Ванев инаку, и сега е на музичка турнеја, во Австралија.

-Еве, јас се јавувам од аеродромот од Цирих, на пат за Австралија, и сакам да најавам два спектакуларни концерти кои не смеете да ги пропуштите.

Значи, кој ова ќе го пропушти, ја пропуштил целата ’23 година“, рекол пред неколку дена Ванев.

Потоа тој ги најавил неговите два конецерти, едниот на 25 јануари во Сиднеј, а другиот, на 27 јануари во Мелбурн. Ванев се обратил на српски јазик, поради тоа што тој е познат и на српската публика.

Потоа се обратил и на македонски јазик, но со интересен акцент кој потсетува на сроскиот јазик: И, еве за крај за моите Македонци за кои знам дека многу сакаат дружби и веселби.

Да ги поздравам, да им посакам Среќна нова ’23 година, да им пожелам се најдобро во животот, и се надевам дека ќе се видиме на 25 во Мелбурн во Лукс клуб, 27, Мелбурн во домашен ноќен клуб во Сиднеј. Ќе биде лудо и незаборавно, рекол Ванев.

Освен во Македонија, тој градеше кариера и во Србија, и така за него дозна и публиката од целиот Балкан. ​

-Од македонските песни ќе ја издвојам Ангела која беше вистински бум, песна која ме подигна во небото, тогаш уште кога бев дечко од 21-22 години. После тоа дојде Ако бевме заедно, Душо моја жал ми е…

Има доста добри песни кои што можеби треба еден ден да ги обновам, а од Интернационалната музика Јужна пруга, остави голема трага и до ден денес се пушта низ цел свет каде што се слуша балканска музика.

Каде и да одам луѓето до ден денес ги пеат, тоа е навистина еден печат на еден пејач дека знае да одбере и отпее песна.-истакна познатиот пејач, за гледачите на ИН ТВ.

Претходно за „Фокус“, тој изјави дека воопшто не жали што микрофонот го заменил за белиот лекарски мантил и пеел само на одредени и професионално организирани настани, бидејќи отсекогаш сакал да им помага на луѓето.

-Мојата ординација се наоѓа на самата железничка станица во Шлирен – Цирих, Швајцарија.

Дипломирав на Парацелсус Академијата за Алтернативна медицина во Цирих, и сум првиот Македонец во Швајцарија кој ја има титулата Доктор за природна медицина, која е призната во целиот свет.

Како и во сите установи на државно ниво во Швајцарија, за која секој пациент кој во здравственото осигурување има Алтернативна медицина, му се враќаат парите назад во согласност со процентуалноста која ја има склучено во самото здравствено осигурување.

Воедно мојата фирма е и сертифицирана за здравствени осигурувања, така да во секоја смисла компетентноста ја имам во целост’’ – раскажа Ванев, во разговор за „Фокус“.

Ванев сега објави повеќе свои слики во купаќи и поажа како знае да си ужива во Австралија на плажа, и во описот на овие фотографии кои се објавени на Фејсбук тој напиша дека е во друштво на брат.

Но, не се знае дали му е роден брат или пријател кој така го вика. На сликите, се гледа дека Ванев избрал супер плажа и ужива на сонце по зимите во Швајцарија.

Една слика, сепак привлекува внимание повече од другите.

Таа е, како Ванев е легнат на крпа, на жешкиот песок, и се сонча, а на другите слики се гледа дека фатил боја и со убав тен ќе се врати во Швајцарија.