Фолк пејачката од Каварадци, Ани Малинкова за својот роденден минатата година, објави интересна фоотосесија на улиците на Скопје како позира во прекрасен фустан како холивудските диви.
Таа даде интервју за Фокус во кое прзборе за својот живот, за разводот и за естетските корекции.
-Подолг период размислував за ботокc, но поради пандемијата постојано одлагав. Во август направив ботокc третман на лице, потоа следеше затегнување на лице и тело со колаген, ласерски третмани за коса, цела низа на мали задоволства кои многу значат за секоја жена- раскажува Малинкова.
Јас сум сингл веќе осум години, помина доста време од разводот, но во ниту еден момент не си дозволив да не внимавам на себе, на изглед, на физичка форма која ја одржувам со спортување, на фризура, гардероба…
И кога бев во брак, и сега, кога сум сама, јас сум задоволна со себе, се трудам секогаш да бидам негувана. Жена сум, силна сум, можам се – вели Ани.
Малинкова својата кариера ја започнала на 17 години, кога од Кавадарци дошла во Скопје и почнала да настапува во емисијата „Оваа сабота“ на Димитар Масевски.
За оваа емисија, вое дна прилика, во интервју на Сител, таа рече дека била ловец на таленти. Исто така раскажа дека снимила 5-6 албуми со песни од фестивали и благодарници и награди за кои веќе нема место каде да ги стави.
„Јас настапував по свадбени веселби, кршетвки. Цела Америка ја имам прошетано, нема црква во којашто не сум настапила, кај нашите иселеници што живеат во Америка, во Австралија на тие турнеи.
И во Европа, нашите Македонци едвај чекаат да дојдеме и да слушнат македонска музика“, рече пејачката. Таа спомена и дека пее со својата снаа, Наташа Малинкова, познатата пејачка која живее во нивниот роден крај, Кавадарци.
„Сега немаме лозје, само јадеме грозје, пиеме вино и пиеме ракија. Кога бев помала, јас 24 часа бев надвор, се дружев и со машки и со женски. Јас повеќе со машки се дружев“, рече Ани за своето детство.
Таа рече дека многу се занимава со социјална мрежа ТикТок и се пофали дека има голема гледаност и контактира со луѓе од целиот свет.
Исто така, раскажа и дека видеата ги снима на својата мејк ап лампа и тоа многу ја разонодува.
-Вежбам дома аеробик. Со мајка ми си правам муабет и ги гледаме рецептите со здрава храна. Многу рецепти имаме заедно, а некогаш и ќерките готват. Миењето садови, ми останува на мене.
Имам и миленичиња, куче и мачка, и денот ми е исполнет. Овој период го сфаќам како одмор“, рече пејачката во една прилика во емисијата Магазин на Сител.
– Ќерките најмногу сакаат рижото со пилешко, а сaкам и јас, ама многу сакам и да виткам сармички од лозов лист“, се пофали пејачката за својот домаќинлук.
Постарата ќерка на Малинкова е втора година на факултет, а помалата бруцош. Минатата година, таа конечно се пофали со својот нов љубовен статус, имено на Фејсбук, нејзиниот партнер Ѓорѓи Тренески објави дека е во врска со Ани Малинкова.
По оваа објава, тие добија многу честитки од своите пријатели кои им посакаа љубовта да им цвета.
Но, сега за Фокус се огласил лично Треневски кој ја открил вистината за неговата врска со оваа наша позната пејачка. Тој во разговот со овој медиум рекол:
-Често пати во медиумите моето име се спомнува со Ани Малинкова, би сакал тоа да престане еднаш – засекогаш, бидејќи не сум повеќе со неа. Еве, изјавувам дека немам ништо со неа – за ,,Фокус” вели Ѓорги Тренески.
Овој човек, минатата година се најде во центарот на вниманието, откако фолк пејачката Ани Малинкова изјави дека и го освоил срцето.
Како што раскажуваше тогаш атрактивната 49-годишна пејачка, осум години по разводот од сопругот со кого има две ќерки, таа повторно се вљубила.
За нејзиниот избраник Ѓорги раскажа дека не е јавна личност, а се запознале случајно во Куба, за време на летување пред пандемијата.
Малинкова не сакала да откри детали за завршетокот на нивната љубов, само рекла дека 2022 година ѝ била убава, а 2023 година ќе и биде уште поубава, а за бившиот дечко не саакала ништо да каже.