Naslovna Zivot Марјана е секогаш насмеана, но ова ја скрши и пушти солза- водителката...

Марјана е секогаш насмеана, но ова ја скрши и пушти солза- водителката во многу емотивно издание

Марјана Станојковска е една од нашите најатрактивни македонски водителки која постојано е присутна пред јавноста преку ТВ екраните, особено за оние кои играат Лото.

Згодна, атркативна, харизматична, шармантна, професионална…..се некои од епитетите кои може да и ги дадеме на македонската водителка Марјана Станојковска.

Марјана е една од најактивните и најангажираните водителки, па ако не ја гледаме да го води „Лото“, тогаш може да ја видиме во разни други водителски ангажмани.

Водителката често е активна на социјалните мрежи каде најчесто објавува фотки од нејзиниот професионален живот, додека е на сцена, или пак рекламирајќи одреден бренд, производ.

Марјана е активна и успешна и како инфлуенсерка на Инстаграм, па доста често има нови ангажмани за разни производи, особено козметички.

На нејзината витка фигура може да и позавидат многу млади девојки, а Станојковска со години важи за згодна убавица по која воздивнуваат мажите.

Станојковска, бидејќи постојано е пред камери, поради професијата многу често мора да има шминка на лицето, па затоа јавноста ретко може да ја види во природно издание.

Во една прилика таа изјави дека честопати знае да се шминка и сама и дека не се случува постојано за нејзиниот изглед пред камери да се грижат професионалци.

Станојковска во една прилика беше гостинка во емисијата Еден на еден со Жаре и таму напата позната манекенка и водиетелка зборуваше на повеќе теми од разни области.

„Претходно работата ми беше ориентирана на телевизија и на реклами.

Сега, повеќе сум ориентирана на социјални мрежи, повеќе на Инстаграм, помалку на Фејсбук“, рече Марјана која сега е една од нашите најпопуларни инфлуенсерки со доста следачи кои ги бендисуваат нејзините слики на Инста.

Марјана зборуваше за тоа како почнала на ТВ, и тоа во Тв Бинго, а ја повикал никој друг туку Игор Џамбазов, а за него оваа наша убавица рече дека кога го запознала се чувствувала како да го зане цел живот.

Сега таа пак води игри на среќа, а тоа е Лото, а Маријанче се присети на времето кога таа го водела Бекстејџ и тоа заедно со упокоениот Влатко Илиевски.

Кога го сполена Влатко, таа раскажа анегдота кога бил први април, и таа облекла облека на Влатко, а Влатко се појавил во нејзина облека.

„Пак ќе ме расплачеш“, рече Марјана која кога ќе се сети на свијот коелега но и пријател не може да ги задржи солзите. „Никој не знаеше за нашиот план и навистина успеавме да ги изненадиме сите, како организаторите, така и публиката.

Паметам дека ми се јави Мики Црнокрак и ми кажа дека никогаш во животот не се смеел како тогаш.

Влатче многу сакаше да игра карти, и често со мајка му во дворче игравме брич , се лутеше ако не победи , ама брзо му поминуваше лутината.

Многу ми е криво за тоа што не успеавме да се видиме на кафе за неговиот роденден. Уште не верувам. Не сакам да поверувам..“, се присети Марјана за Влатко претходно.

Во емисијата Еден на еден таа ги избриша солзите кога го спомена другарот. Маријана исто така во емисијата правеше торта, една донела од дома, а една праеше во студиото, и тоа како дел од игра, го правеше со врзани очи.

Марјана зборуваше и за тоа дека кога победила за избор на Мис во Кина дека не можела да верува кога водителот рекол Македонија.

„Мојот прв избор за Мис беше мис на маало, и јас победив“, раскажа Маријана. Потоа зборуваше какво детство имала, дека раснела во центар, си играла со барбики, имала многу другарки и дојде моментот кога убавицата ја покажа својата емотивност.

Таа покажа слики од неа кога била дете, зборуваше за двете баби, како ја викале, и што ја научиле и колку љубов тие ѝ давале, и потоа ѝ дојдоа солзи на очи. Маријана во вакво издание до сега не ја имавме видено.