Naslovna Zivot Филип Иванов: Да кажеш, не ми требаат попови, си имам книги е...

Филип Иванов: Да кажеш, не ми требаат попови, си имам книги е исто ко да кажеш не ки требаат доктори, си имам книги по медицина

Статус на пастор Филип Иванов: Само во Македонија истиот човек може да знае сѐ, од медицина, теологија, музика, политика, филозофија, па до економија и сѐ останато…

Се плашам дека овој „експертски синдром“ што владее, она кога секој знае повеќе од другиот, без разлика на годините, образованието или искуството на другиот, дека баш тоа нешто навлегува и во црквите.

Слушам сè повеќе кои велат: „Не ми требаат теолози и свештеници, си имам Библија и книги!“.

Тоа е исто како да кажеш: „Не ми требаат доктори, си имам книги по медицина!“.

Веќе не сакаме да слушаме никој, не сакаме никој да нѐ поучи, не сакаме никој да ни каже дека не сме во право. Дури и се доживуваме себеси како ревнители кога ќе земеме да ги исправаме оние кои се пред нас во верата.

Наоѓањето теолошки и карактерни маани станува омилено хоби, а духовната гордост си се храни со тоа, па затоа и се чувствуваме толку добро кога во име на „вистината“ копаме да ги извадиме раските од очите на браќата, за на крај само очите да сме им ги ископале. Гредата во нашето око не ни нè зачешува.

Сѐ ова е погубно за духовниот живот на човекот. Низ годините сум сведок на тоа дека оние кои знаеја повеќе од сите веќе не ни чекорат со Господа.

Со жал го кажувам ова. И затоа страв ме фаќа за сите кај кои го гледам ова. И за мене ми е страв, зашто и јас не сум имун.

Не ме сфаќајте погрешно, не зборувам за слепа послушност, зборувам за тоа човек да биде брз на слушање, а бавен на зборување, како што вели ап.Јаков.

Да се има кроток и поучлив дух. Барем до крај да се ислушаат оние кои изеле некоја фурна духовен Леб повеќе од нас.

Да се има почит спрема лузните од духовните бо рби кои ги имале низ годините.

Да се препознае Божјиот повик и помазание врз нивните животи, и да ги љубиме како што Христос нас нè возљуби.
Има еден стих, кој ретко кој го знае, вели:

„…да не се фали оној кој се опашува како оној што се распашува.“ (1 Цареви 20:11)

Ова ни зборува нам кои штотуку се опашуваме и го ставаме духовното ор -ужје на себеси, да не се фалиме и воздигаме над оние кои веќе ја во јуваат бит ката на верата и се при крајот на трката, зашто не знаеме дали воопшто ќе се додржиме како нив.

Ова треба да ни помогне да бидеме понизни и да ги почитуваме оние кои се наши постари духовни браќа и сестри. Барем тоа, и барем толку.

Господи помилуј! (статус од пред 7 години)“