Naslovna Zivot Царе, дај ако можеш почесто вака зборувај јавно- Сања Савеска искрено му...

Царе, дај ако можеш почесто вака зборувај јавно- Сања Савеска искрено му се обрати на Игор Џамбазов

Сања Савеска со нејзината искрена насмевка и шарм, за кусо време успеа да ги освои срцата на гледачите, прво во ТВ 24 , а последниве сезони и како нова водителка на популарното кулинарско шоу „Брза кујна“ на ТВ „Сител“.

Водителката вели дека овој ангажман кој ѝ е голема љубов, прво го гледала како предизвик, како и сè во животот, подготвеноста со нејзиниот сакан Томи да се качи на мотор и да открива нови места покрај море.

Како хороскопски рак, Сања за себеси вели дека е преемотивна, раскажува што ја прави среќна освен времето поминато со шефовите, прво Марк и Никола, а сега Бобан и Никола.

-Секоја промена носи со себе предизвици, да се дојде на веќе изградена позиција и на место кое веќе е добро прифатено е уште поголем предизвик. И токму така ја прифатив понудата, како предизвик.

Притисок не почуствував, бидејќи долго време ја работам оваа работа, а веќе долго време посакував ваков проект. Одвреме навреме, кога бев слободна знаев да се закачам на некој рецепт на шефовите, и тогаш им се воодушевував на умешноста и брзината.

Обожавам да поминувам време готвејќи, ме смирува, релаксира и инспирира . Благодарение на моите родители научена сум од мала да ги завршувам домашните обврски сама, па така и доста мала научив и да си направам јадење.

Сакам да готвам и да пробувам нови рецепти, но ги сакам и традиционалните јадења. А дали сум добар готвач ? Досега никој не се пожалил на стомак, а и ништо не останало недојадено.

Снимањата течеа со навистина интензивно темпо, се снимаа по 3 емисии дневно, речиси секој работен ден . Првите неколку дена ми беа малку потешки, бидејќи требаше да ја фатам и јас минутажата и да го совладам брзото темпо на шефовите .

Но навистина многу бргу се вклопивме тројцата па секое следно снимање ми беше полесно,

додека сега веќе и не чуствувам дека сум на работа, едноставно уживам со целиот тим кој работи на овој проект но и со нашите драги натпреварувачи.

Освен што се извонредни шефови, тие се и навистина вистински шоумени, забавни се и сакаат шеги. А тоа богами не изостанува во нашето шоу.

Анегдоти има многу, дел од нив се пред камерите ,а има и такви моменти кога не сме можеле да престанеме со смеење па чекаа во режијата да се смириме и да продолжиме, на пример кога шеф Никола направи туфахија а шеф Марк ја коментираше.

Е, тука мислам 5 пати дека не враќаа за да снимаме. Среде емисија ни има летното блендер полн со крем, се запали крпа, јас истурив шише зејтин па се лизгавме, но во овие и многу други моменти снимањата течеа најпрофесионално.

Типичен хороскопски рак сум, преемотивна и често кога искажувам емоции знам да пуштам солзи. Тоа би го променила дефинитивно, затоа што денешното живеење е многу сурово и неправедно, па знам поради својата искреност и емотивност да страдам.

Знам да паднам, и повторно да станам, и посилна од претходно, па сметам дека тоа ми е силна особина, што не се откажувам никогаш и упорна сум во се што работам“, кажала Сања во Женски магазин, а потоа зборувала за нејзиниот љубовен живот.

– Се знае сосема доволно, повеќе и не сакам да откривам, тогаш не би бил приватен живот. Заедно функционираме неколку години,и двајцата сме си поддршка во работата.

Томи е спец.неврохирург и има многу потешка работа од мојата и премногу одговорна , и мојата работа исто бара долго отсуство од дома, но секое слободно време сме заедно и ги правиме работите што не опуштаат, возење со мотор и долги прошетки со Маша.

-Сосема случајно се запознавме, на една прослава, па пополека , иако различни сфативме дека сме еден за друг, и токму неговата упорност како карактерна особина ме привлече.

Му се воодушевувам на енергијата што ја има , и што не отстапува од своите цели колку и да тоа значи жртва и отстапки од многу нешта“, кажала Сања. Таа сега напишала едно искрено стори за Игор Џамбазов кое и тој го шернал.

-Гледам реприза на „Џентлмен магазин“, ликот на Игор Игор Џамабзов ме застана пред екранот.

Единствената реална личност на сцената, се на сите ни кажа како треба. Царе, дај ако можеш почесто вака зборувај јавно, да се вратиме во реалноста.

Брута лно искрен и реален. Вака така,стварно најнормален испадна“, напишала сања за Џамбазов.