Ване Маркоски е познат како голем љубителл на природата, поборник на здравата исхрана, фитнесот и здравиот живот, но она што можеби не сте го знаеле за радио и ТВ водителот е дека е исто така и голем љубител на животните.
Особено домашните миленичиња му се слабост, па затоа Ване реши друштво да му прави едно кученце. Имено, според информациите, Ване истото го спасил од улица, каде што кутриот пес бил оставен во очајно лоша состојба.
Откако го прибрал, го нахранил и однел на ветеринар за да го излечи, по успешната операција на спасување и рехабилитација, покрај креветот, сега неговиот Буби му е најверниот четвороножен пријател на водителот.
Патем, љубимецот на Ване сега живее удобен живот и во секоја прилика е покрај својот месија, кој му подари втор живот – многу подобар и посигурен околку оној скитничкиот од улица, пишува Вистина.мк
-Ако веќе чувате куче, не го напуштајте кога е сфатите колку љубов треба да му давате. Еве, ајде да почнеме од тоа, па да видиме понатаму.
А, кога во животот би имал финансиска можност, би направил стационар за нив, каде што вработени луѓе би се грижеле и би им давале љубов и внимание. Не заборавајте дека и тие имаат душа“, изјави Ване во едно интервју.
Во 2020 година, Ване Маркоски си замина од телевизијата Канал 5. Информацијата ја сподели на социјалните мрежи самиот.
„Поминавме одлични 5 години взаемна соработка, почит и разбирање. Дојде време за промена, а кога душата е „пуштена на најјако“ најлошо е да и противречиш, па затоа превземав чекор со кој ни се разделија патиштата.
Благодарам на Канал 5 за целокупната доверба овој период, доверба која ја оправдав како работник, работник кој секогаш беше во први редови за одбрана на интересите на телевизија и програмата и останува уште цел месец, напиша Маркоски.
Поодамна имав желба да бидам дел од јавниот сервис. Годинава одлучив дека е дојдено времето за промена. Знаев дека ќе се случи, само не знаев точно кога. Потоа некако се поклопија коцките и еве сум сега во “Македонија наутро”, утринската на МТВ 1 и плус во радио 2.
Нова средина, искуства, луѓе, професионалци од кои може да продолжам да учам, да напредувам….
Со оваа идеја пристапив на желбата за промена“, раскажа Ване за своето тазе искуство и одлуката која не дошла преку ноќ во Женски магазин.
Ване на Фејсбук секогаш отворено пишува за своите случувања и мисли, а минатото лето рече дека периодов не бил многу добар за него. Но, тој објави и уште една новост.
Со сликата која ја шерна, тој објави дека се сели, и тоа во едно од најелитните скопски места, а тоа е Сопиште и тоа најексклузивниот дел од ова во последните години, популарно место за живеење.
Ване инаку претходно живеел во Џевахир, високите згради во Скопје и од таму ставаше слики и сториња, а сега покажа слика со поглед на базен во неговата нова населба и на Фејсбук објасни:
– Денов и периодов, каша – попара. Но, ако нешто научив во животот, баш тогаш кога имаш најмногу искушенија, прави промени и не застанувај, бидејќи се си има зошто. Време е за нови убави спомени“.
„Многу ми беше лесно да се одлучам на ваков чекор. Ако пред 6 години сакав град, гужви, бука, раздвиженост, сега веќе сум во некоја друга фаза од животот. Ми беа потребни мир и тишина.
Долго размислував да направам куќичка некаде уште подалеку од центарот на Скопје, дури и гледав плацеви во Маркова Сушица. Во последен момент, по препорака на мојата колешка од МТВ, сега веќе и сосетка Јована, решив да го видам станот во Сопиште.
Доволно беше само една посета таму. Мирот и спокојот ме освоија од прво гледање и знаев дека е тоа тоа“, ни раскажал Ване.
Ване Маркоски, иако веќе не живее во комплексот Скај сити- Џевахир, пак оди таму да се релаксира и во спа. Тој шернал една слика од овој спа центар, во купаќи, и делува како да е приватен, само за него.
Овој наш водител отсекогаш си го живеел животот со полни гради, па така е и сега, кога си дозволува вакво луксузно опуштање за сите сетила за викенд.