Naslovna Zivot По овие неколку збора и слики, сѐ е јасно за односот меѓу...

По овие неколку збора и слики, сѐ е јасно за односот меѓу Сани и Никола

Фолк пејачката, згодната кумановка Сани каде и да се појави, прави „лом“ бидејќи сите уживаат во атмосферата која ја прави на настапите.

Сани има традиција, пред или после настапите кои ги има речиси секоја втора вечер да објави слика од нејзиниот изглед. Тоа го направи постојано, а многумина останаа воодушевени од модните комбинации кои Сани ги објавува.

Слободно може да се каже дека Сани е една од топ трите македонски фолкерки.

Сани минатата година беше на турнеја во Австралија каде што буквално може да се рече дека нашата пејачка изгази со настапите.

Во едно интервју за „Бекстејџ“, Сани откри дека имала многу непријатни ситуации во нејзината кариера. „Охо, имав 100 000 непријатни ситуации. Меѓутоа, знам како да се справам во вакви ситуации. Не сум од вчера во овој бизнис.

Веќе 10 години, така да знам како треба со таквите луѓе“ рекча пејачката.

Сани тогаш откри дека добивала и понуди колку пари бара за една вечер. Исто така, фолкерката откри дека нема направено никаква хирушка интервенција на себе, но дека планира да ја коригира устата.

Сани на Фејсбук пред некое време се пошегува на сметка на состојбата со правење резерви за брашно, масло и бензин и напиша: Ќе одам по брашно, квасец, макарони, што друго се купува? Дијазепами, Хелекс, Лунерба?

На ова ѝ возрватиле многу пријатели, а меѓу нив е и познатиот водител од Охрид, Жанко Голабовски кој ѝ напишал:

Чуму ти брашно и квасец кога не знаеш да месиш. На ова Сани му одговорила:

-Јас супа да сварам знам. Подолу, во коментарите паријатели ја бранеа Сани таа таа е супер домаќинка и зане да зготви многу специјалитети.

Сани откога се омажи се гледа дека блеска од среќа, а може да се каже дека посреќна не била никогаш. Таа е моментално во Швајцарија, кај Никола заедно со ќеркичките, каде што уживаат на снегот.

Сани на стори на Инстаграм објавила интересен статус кој се однесува на жените: „На жена што не ѝ се свиѓа маж со стомак, обично ѝ се паѓа маж со штикли.“

Сања Сани Гроздановдска за Бекстејџ пред повеќе од една година дека ставила крај и на вториот брак со билдерот Мартин Гроздановски. „Нешто што не го бива, боље да се прекине на време како велат- боље спречити него лечити.

Јас сум од тие што не сака да пие лекови и такви ствари, и затоа спречив на време.

Затоа што бевме најдобриот пар, затоа и успејаа луѓето околу нас да не разделат. Меѓутоа нема врска, животот продолжува понатаму“, рече Сани во Бекстејџ, но како да сакаше да ги задржи солзите.

Потоа, водителот ја праша: Како си сега, ова ти е вторпат, а таа рече: Сега сум топ, у топ форма, у најјаката форма од цел мој живот.

Сега ќе газам, и со турнеи, и со песни и со се. Јас се спремам за третиот ти си запнал со тие два брака- му рече Сани на водителот, што е вистина бидејќи Сани веднаш скокна во трет брак.

Има кандидати колку сакаш, додаде пејачката потоа, а кога ја прашаа зошто ставила крај на бракот рече дека тоа си е нејзина приватна работа.

„Мене сите песни ми се автобиографски, секогаш текст кога бирам, бирам текст да ме погоди и да има барем нешто, дел од текстот од мојот живот“, рече Сани.

Има еден стих баш во „Кафанска“ дека сама легнуваш. Има ли вистина- ја праша водителот, а таа рече: Па, нормално работевме ноќна работа, јас легнував сама, и он легнувал сам.

Потоа рече дека мерцедеост што го вози од неодамна сама си го купила, сама печали и нема потрреба никој да ѝ купува коли.

Но, таа ги изненади своите фанови кога во тајност се омажила, а на Интаграм профилот си го смени своето презиме во Урдаревиќ, повеќе не е Гроздановска.

Сани нема изјавено ништо за венчавката, но на профилот кај нејзиниот новопечен сопруг, Никола има само една слика со Сани на која изгледаат многу вљубени и среќни.

Љубопитната јавност веднаш тргна да се интересира и истражува во кого тоа толку брзо Сани одново се заљубила, па созбнанијата открија дека се работи на гастрбајтер со српско потекло по име Никола.

Тој живее и работи во Швајцарија, поточно е менаџер на генерален менаџер на еден термохотел со спа, лоцирани на швајцарските Алпи, пишува „Убавина и здравје“.

Радосната вест најпрвин сами ја објавија на социјалните мрежи каде се гледа дека пејачката сега го земала презимето на новиот сопруг, па Сани сега се презива Урдаревиќ.

Сани сега повеќе во Швајцарија отколку во Македонија, а со неа се и нејзините ќерки кои уживаат во спа центарот на хотелот во кој работи Никола, или во снежната идила на Алпите.

Сани неодамна објави една песна од Дино Мерлин која е љубовна, и во неа е опишана целата љубов со Никола, а објави и колаж од нивните најубави фотографии и личи како да се со години заедно.

-Една жена својот човек го сакаше со целото свое срце“, вели песната која ја отпеал дино Мерлин, и само овие неколку збора го опишуваат она што Сани го чувствува кон својот Никола.