Ксенија Николова е една од најпопуларните и најцитираните јавни личнсти кај нас, на социјалните мрежи.
Писателката во 2017 година, таа го издаде својот роман „Емотивен манипулатор“.
Николова често знае да раскаже лична приказна на Фејсбук, од детсвото од младоста и од сегашноста.
Вчера таа објави каква драма се случувало во ГТЦ, со мало маче, затворено во еден од дуќаните:
„Поминувајќи вечерва низ ГТЦ, во еден од ходниците на најдолниот кат, видовме затворено маче во празен дуќан во кој нема апсолутно ништо. Мачето беше преплашено.
Не е јасно како влегло, немаше ништо скршено. Најверојатно некој случајно го затворил.
Отидовме до најблиската отворена продавница и прашавме дали знаат чив е дуќанот, но бевме упатени кај обезбедувањето, каде за жал добивме информација дека знаат чив е дуќанот, но немаат број од луѓето.
Потоа, сплет на околности, бевме упатени во една најблиска продавница за која ни кажаа дека е на истите сопственици, но таа беше затворена.
Вртејќи се во круг, немавме што да направиме, иако сакавме да помогнеме. Никој не знаеше ништо конкретно. Не смееме да чепкаме туѓ имот и насила да се отвори вратата, иако е ова алармантна ситуација.
Мачето остана внатре и рекоа дека ќе му отворат најверојатно утре, бидејќи постои опција да дојдат мајстори за кои накрај дознавме дека можеби биле и денес па така се верува дека влегло и мачето, а ние и утре ќе отидеме да провериме дали е тоа така. Сето тоа се само претпоставки.
Многу тешко се помиривме со тоа дека немаме што да направиме во ситуацијата.
Како може обезбедување да нема број и контакт од секој сопственик на дуќан во трговскиот што го обезбедува и штити? Како?
А ако се случи нешто, како во овој случај, како ќе дознаат сопствениците и како ќе можат да реагираат? Распаднат ГТЦ, а толку убав и значаен објект за Скопје. Господе, сѐ што имавме, сѐ уништивме.
Со тешко срце ќе заспијам вечерва и мислите ми се кај кутрото животинче кое е затворено.“
Утрово, Николова со нов статус, објави слика на која се гледа дека мачето е се уште затворено во дуќанот:
„Дечки, мачето е сѐ уште затворено. Еве и слика од дуќанот, скриено е таму позади белото во десниот агол.
Апелирам и ги замолувам сите кои се понудија да помогнат и рекоа дека познаваат некого, да направиме нешто да излезе кутрото животинче што поскоро!“
Конечно, пред 2 часа, Ксенија објави дека мачето е ослободено и се заблагодари на сите кои помогнале:
Дечки, успеавме, мачето излезе! Еден добар и хуман човек по име Мичо кој денеска беше на смена во обезбедувањето на ГТЦ, се посвети ептен и газдите го отворија дуќанот и мачето излегло. Мичо, ти благодариме!
Ви благодарам на сите кои помогнавте, на сите кои допринесовте!
И не заборавајте, општеството треба да функционира за сите, нема селективна правда! Да сте живи и здрави!“