Naslovna Zivot Син ѝ сега ќе има полубрат или полусестра – Кристина се изнервира...

Син ѝ сега ќе има полубрат или полусестра – Кристина се изнервира и одговори на тој што се дрзна да ѝ ја напише оваа порака

Јавноста ја проследи целата драма со неговата поранешна сопруга, манекенката Кристина Димитриевска, но се чини дека македонскиот победник во музичкото натпреварување Икс-фактор сѐ уште верува во искрена љубов, а тоа го покажа кога неодамна се ожени по вторпат.

„Ти си сѐ она што некогаш сум го барал. Ти благодарам што ме туркаш кон тоа да ги остварам сопствените соништа секој ден“, напиша пејачот на Инстаграм неодамна за својата нова партнерка.

-Во моето срце отсекогаш сум се занимавал со пеење и музика. Од секогаш сум ја чувствувал таа љубов и потреба да запеам, па можеби и затоа никогаш не сум имал план “б” во животот.

Но, во животот не секогаш сè оди по план – секогаш има позитивни и негативни изненадувања, а негативните се секогаш одлична прилика да научиме нешто и да се вратиме на вистинскиот пат.“, рече во една прилика Даниел Кајмакоски, првиот победник на шоуто Икс Фактор.

Кајмакоски целосно се тргна од социјалните мрежи кога се разведе од Кристина, па освен што сите знаеја за него дека е во Србија, ништо повеќе немаше никој слушнато за пејачот.

Откако се ожени по вторпат, Даниел прво објави стори, а потоа и слики од венчавањето. А на едно стори објави и две кафиња, со две колачиња во вид на срце, што значи дека навистина „слатко“ му поминуваат првите брачни денови.

А под сликите од венчавањето во матична служба, тие добиле безброј честитки и многу пријатели им посакале љубов и долг и среќен живот. Кајмакоски уште не откри како се вика неговата нова сопруга.

Но, една од честитките ја открива нејзината професија.“ Најсреќни да сте ми драги мои. Само радост и убавини да ве следат. Од срце, искрени честитки. Колешката ми е прекрасна.

Гушни ја Даниел од мене. И среќата и сјајот во очите ви ги гледам. Е тоа е тоа“, пишува во коментарот од пријателката Мими. Ако влезете на нејзиниот Фејсбук профил ќе видите дека таа е медицинско лице..

Ова значи дека сопругата на Даниел која таа ја нарекла колешка најверојатно се занимава со истата професија, медицината.

Да потсетиме, Антонио Димитриевски во една прилика ја интервјуираше Кристина и ја праша:

Сега кога си слободна дама, има ли додворувачи? А на ова прашање, Кристина одгвори:

Кој кажа дека сум слободна? И се насмевна. Потоа рече:

-Јас секогаш велам, ако некој сака да ме добие, треба да е недостижен, не да ми се качува на глава“, изјави Кристина.

Потоа, таа раскажа една неочекувана случка, кога непознат маж ѝ свирнал на улица од автомобил и ѝ подарил цвеќе.

-Тоа беше нешто што не го очекував. Свири некој, мислев дека нешто ми е на гумата, но кога го извади цвеќето и даваше комплименти…

Е, тоа е можеби некој гест што би можел да ме придобие на некој начин, бидејќи скромно е,цвеќе е, и гестот…“, рече таа.

Исто така, Кристина раскажа дека цели шест месеци една девојка за која таа рече дека е со дијагноза, ја следела и била опседната со неа и ја вознемирувала, а објасни и зошто.

„Но, тоа се спречи кога сфати дека јас немам ништо со нејзиното момче, и се заврши тоа, и мило ми е.

Јас дури и ѝ се јавив и ѝ кажав: Јас ако сум него ќе ти кажам, па ти ако сакаш- уб иј се. Буквално вака ѝ кажав.

Нема навистина ништо, пробав да сум култуена. Но, ете се зварши тоа кога сфати дека нема врска со мене,“ рече Кристина.

Кристина Димитри е посветена мајка на синчето Давид и во секоја прилика кога гостува во некоја емисија, го споменува.

Но, откога Даниел се ожени ѝ, очигледно е дека хејтерите се дрзнуваат да ѝ кажат сѐ и сешто на пејачката, па таа на Инста стори објави што кажале за нејзиниот син и за неа.

Извесен профил, за кој Кристина вели дека е лажен ѝ напишал:

„Хахаха многу ли е љубоморна Кристинче што нејзиниот син сега ќе има полубрат или полусестра?“

А Кристина вратила: „Горе стојат дел од гнасотиите што некоја болесна особа ги пишува на луѓе од мојата фамилија.

Биолошкиот татко на моето дете може да има бракови, жени… тоа е негов живот.

Јас и мојот син живееме наш живот 5 години (а тоа е етапа на која пред исто 5 години ЈАС ставив крај!) и немаме никаква врска со животот на мојот бивши маж.. толку од мене на оваа тема.

Порано знаевме кој е „пси хички болен“ сега е масовно… Не е срамота да побарате помош од психолог и психијатар…

Срамота е да правите лажни профили и да се мешате во туѓ живот. Недела е луѓе, ручајте со најблиските.

Ви праќам љубов во вашите срца полни со мржња,“ напиша Кристина која се гледа дека за Давид ќе направи сѐ, како секоја мајка.