Naslovna Zivot Елена „Живот со стил“ покажа колку е атрактивна, откога се омажи стана...

Елена „Живот со стил“ покажа колку е атрактивна, откога се омажи стана поубава, во ова издание изненадува (ФОТО)

Водителката на шоуто „Живот со стил,“ Елена Стефановска, сега Најдоски, е убава жена која својот живот го живее како и насловот на својата емисија, со стил.

Кога славеше роденден, таа рече дека таа роденденска забава ѝ била посебна, а ја поминала со блиски луѓе во пријатен и интимен амбиент, на отмена вечера во еден познат скопски ресторан.

Како роденденска желба, шармантнaта водителка си посака да е среќна и насмеана, и секогаш со позитивен дух.

-Ова е дефинитивно најубавата деценија за мене, како роденденски подарок оваа година го сметам „Живот со стил“, ток-шоуто коешто е само доказ на мојата зрелост, затоа што точно знам што сакам во животот“, изјави тогаш Елена.

„Има една посебна карактеристика за мене. Како што изминува секоја година во мојот живот така расте мојот ентузијазам за реализација на секое поле што значи дека годините се само бројка на скалата за успех и ентузијазам.

Ги охрабрувам сите самофинансирани и успешни жени секогаш да работат на себе, да се надоградуваат секојдневно, да се образуваат, и секогаш да бидат со стил, бидејќи независноста и слободата немаат цена“, изјави водителката за Женски Магазин.

Елена, се вери за време на новогодишната ноќ минатата година, а запросувањето беше неочекувано изненадување за неа бидејќи таа во план имаше да ја прослави Новата година.

Поточно, тогаш му кажа на Бојан дека ќе се омажи за него, но тие не чекаа долго време и уште веднаш Елена објави на својот профил дека планира да прави свадба идното лето, поточно таа направи свадба пред неколку месеци.

Елена на своето стори сподели мали моменти од својата свадба.

Таа всушност објави неколку видеа од првиот танц, а потоа на сите им се заблагодари за честитките и изјави дека официјалните фотографии ќе бидат објавени наскоро.

,,Драги мои, Ви благодарам на сите честитки што ми ги пративте. Ги имаше навистина многу.

п.с Ја имав најубавата свадба, официјални фотки наскоро!,” напиша Елена.

На свадбата на познатата водителка и пеел познатиот српски пејач, Никола Роквиќ, кој на водителката и ја испеа песната ,,Мед и слатко грозје”, a Елена со дигнати раце пееше со него.

Елена изгледаше совршено во нејзината венчаница која се влечеше отпозади и даваше изглед на вистинска принцеза.

Потоа кога дојде време за журката, водителката се раскомоти и облече кратко бело фустанче со пердуви.

Всушност, речиси сите невести сега одбираат да носат две венчаници, една подолга и една пократка која нема да им тежи за време на забавата, во текот на вечерта.

Пред да се вљуби во Бојан, Елена ова го кажа на прашањето каков маж би можел да ја освои: „Не е тоа супермаркет за да набројам производи кои ми требаат.

Ама, ако треба да издвојам некоја особина тоа треба да биде човек со традиционални вредности“.

А ова е љубовната приказна на Елена и на Бојан, за кој за првпат прозборе во 2019 година.

Елена и Бојан всушност биле вљубени и пред тоа, но таа ја криела врската со него, сакајќи да ја сочува својата приватност.

Елена со емотивна објава на својот Истаграм профил, му посака среќен роденден на својот партнер, Бојан Најдоски.

Авторката на емисијата „Живот со стил“ која секогаш го чува приватниот живот подалеку од јавноста, за прв пат објави фотографии со партнерот, напиша Женски магазин во 2019 година.

„Среќен роденден на една специјална личност која му носи радост на моето срце. Благодарна сум за секој момент кој го поминуваме заедно, и посакувам нашата среќа никогаш да не заврши“, напиша Елена.

Атрактивната водителка не сакаше да открива многу детали за љубовната приказна со Бојан. Во куса изјава за Женски Магазин, таа рече дека фотографиите кажуваат сѐ.

„Многу сме среќни. Не сакам сега за сега да откривам детали. Сликите кажуваат сѐ.

Ова е мое прво јавно откривање на фотографии со дечкото. И доволно е…“, изјавила Елена за Бојан кој е сопственик на познат кафе-бар во Скопје.

Имено, Елена постојано споделува каде шета и се гледа дека е вљубена во тоа да посетува нови, убави и луксузни места.

Таа откога се омажи со Бојан, како да стана уште поубава, а тоа го докажува новата слика која водителката ја објави на Инстаграм.

„Романтична или заводлива“ стои во описот, а по тоа како изгледа, особено со бујното деколте кое е дополнето со заводливото црвено боди, можеме да кажеме дека Елена е и романтична и заводлива.