Naslovna Zivot Елена од „Сител“ објави специјална слика со сестра ѝ Катерина- која од...

Елена од „Сител“ објави специјална слика со сестра ѝ Катерина- која од која поубава (ФОТО)

Елена Стојановска е урбана млада жена, мајка и сопруга која направи харизматична спојка помеѓу двете свои големи љубови: радио и ТВ водителството и веќе со години трае таа нивна заедничка успешна приказна токму благодарение на нејзиниот искрен и професионален пристап.

Во едно интервју за Фешнел, таа зборуваше са себе си, а ја сполема и модата као важен дел од нејзиниот живот. Имено, како што можеме да видиме во Уринската програма „Ја сакам Македонија“, Елена е секогаш тип-топ дотерана.

Модата има значајно место во мојот живот. Вага сум во хороскоп, па вистина ги сакам убавите нешта.

Се обидувам да бидам убаво облечена во склад со пригодата.

Обожавам да гледам ревии, документарни филмови за големите креатори, знам да забележам промена кај луѓето. Мислам дека сево ова е доказ, зарем не? Секогаш го дефинирам мојот стил како романтичен, и во најрокерската комбинација јас ќе најдам простор за нешто нежно.

Одам на ревии кај дизајнерите кои ме повикуваат, ги канам во своите емисии и мислам дека за жал талентот некогаш го ограничува скромниот буџет. Но, ме радува оптимизмот и знам да излезам во пресрет и медиумски да ги поддржам луѓето од македонската модна сцена.

Не сум имала можност, но навистина би сакала да ги следам ревиите на Валентино, Прада, Долче и Габана, а би сакала да присуствувам и на некое шоу на Викторија Сикрет“, рекла Елена за Фешнел.

– Во суштина имам само еден ритуал, а тоа е никогаш да не заспивам со шминка на лицето. Инаку, стандардно, лицето го чистам со мицеларна вода, со благи бебешки сапунчиња од ќерка ми и нанесувам богат слој крема затоа што имам сува кожа.

Веќе мојата кожа спаѓа во зрела и сега на овие години се обидувам да употребувам посериозна козметика.

Но, верувале или не, јас уште не можам да отстапам од детските витамински креми затоа што само така мојата кожа е заситена со влага.

Во последно време почнав да ја користам и кремата од полжави , но и серумот на Есте Лаудер за ноќно возобновување.

Од корективна козметика многу ја почитувам линијата на Есте Лаудер и Буржоа, од пудра, римел, сенки и моливи.

Искрено, не менувам многу и се држам до веќе испробани работи“, кажала Елена за својата нега во Женски магазин а потоа на пваа тема, нашата водителка додала:

Сакам долга коса и тоа е тоа, имам иста фризура со години, варијантите се само дали шишките ми се малку подолги или покуси.

Линијата за коса на Inebrya & Alterego на Silk solutions е мој избор и тоа онаа за долга но сјајна и здрава коса.

Ги менувам нивните производи во лето и зима, ама се држам до брендот“, кажала Елена која е мајка на Илина и сопруга на Огнен и многу не ги ескпониа во јавноста.

Во една прилика, на Инста стори, Елена ја покажа својата сестра Катерина, на чиј профил на Инста може да се види дека двете убавици поминуваат доста време заедно.

Со овие зборови, Катерина на Елена ѝ го честитала роденденот: Си посакувам да ме радуваш уште бесконечно долго! Среќен роденден, убавице од сестра. А кога пак, роденден ѝ беше на Катерина во април, Елена вака ѝ честиташе:

-Денес точно во 17.25, пред многу години на свет дојде Катерина. Беше слатко бебе и моја омилена играчка, навечер кога ми беше страв ме примаше да спијам во нејзиниот кревет, имам лузна на коленото кога ме погоди со лажица.

Ми кажува најтајни тајни, секогаш е најпаметна и мора да е по нејзино! Би патувала со неа и на крај на светот, нема полуда тетка за Илина и мојот свет без неа, ќе беше празно место. Среќен роденден!“

И на едно од поновите сториња, Елена ја покажа сестра си, како се заедно на викенд- искачанка. И двете сестри се прекрасни, која од која поубава на свој специфичен начин.