Naslovna Zivot Боки Бургија: Ме праша еден божемски пријател, како е можно да навивам...

Боки Бургија: Ме праша еден божемски пријател, како е можно да навивам за Ѓоковиќ… па да му кажам

Новак Ѓоковиќ убедливо со 3:0 го совлада Стефанос Циципас во големото финале на Австралија Опен и со тоа ја освои рекордната 22 грен слем титула.

Циципас по мечот со големи зборови му се обрати на Новак и спортски му честиташе.

– Новак, не знам што да кажам. Мислам дека само го кажува тоа што си го направил. Сè е во бројките. Ти честитам. Имаш таква семејна поддршка.

Мислам дека е слично како јас и ти пораснавме. Ова е неверојатно патување, се восхитувам на она што го направи за нашиот спорт. Благодарам – започна Циципас и продолжи:

– Имав привилегија да одиграм многу тешки мечеви. Би сакал да кажам уште еднаш. Новак е еден од најголемите во нашиот спорт. Тој е најголемиот некогаш кој држел тениски рекет во историјата.

Новак Ѓоковиќ има многу фанови во Македонија. Попладнево ѕидовите на социјалните мрежи се преполни со статуси за поддршка и честитки за Новак.

Има и такви, кои не се согласуваат со ваквата поддршка на србинот, а на сите нив, одговор им даде Борче Трајковски, алијас Боки Бургија: Зошто навивам за Ѓоковиќ?

„Никој не ме тераше да се радувам на победите и успесите на Ѓурѓица Бједов, Дане Корица, Вера Николиќ, Бојан Крижај, Аце Русевски, Шабан Сејдиу, Трстена, Мате Парлов, Церар, Шурбек, и многу други.

Се радував на сите успеси над југословенските спортисти, индивидуални и групни, затоа што така ме воспита државата.

Затоа што Аце Русевски, Сејдиу, Трстена и други, се појавуваа на насловните страници во весниците на Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Босна, наполно исто како што во Македонија се појавуваа сите други, од Триглав до Кожуф…

Затоа што државата ги следеше напатствата и идеологијата на Гоце Делчев, дека светот го разбира како поле за спортски и културен натпревар меѓу народите…

И да не се разбереме погрешно, и за Димитров и за Циципас ќе навивавме со истиот жар како за Ноле, ако од другата страна на политичките премрежија не се експонираше националното, националистичкото, припадноста, за да се означи, обележи, жигоса, некаква верска или национална предност на стартните позиции на противниците…

Имав среќа и чест да бидам воспитан во духот на космополизмот кој го распостилаше СФРЈ, воспитување кое стана голем трн во очите на националистите внатре и надвор, па ја растурија.

Но, за мене, и Дончиќ и Јокиќ и Дивац и Дражен и Шурјак, и Савичевиќ, и Стојковиќ, и Заец, и Попивода и Пандев и Лазаров, се примероците кои ја туркаат основната идеја за смислата на постоење на светот, онаа на Гоце Делчев…

Не е дека ова не го знаат Пандов, Каракачанов, Захариева, Џамбаски и Љубчо Герогиевски, ама, тие никогаш не биле задоени со воспитувањето на Тито и Гоце, туку, со оние кр

в ничките, нац ионалистичките и екстремните идеи со кои едни од други се одбиваме, се мр азиме, се плукаме…
Ме праша еден божемски пријател, како е можно да навивам за Ѓоковиќ…

Ете бе другар, пријател, познаник, затоа… Тенкју…“, напиша Борче Трајковски, алијас Боки Бургија, на својот профил на социјалните мрежи.