Naslovna Zivot Иван Либеро уште ги чува сликите со Антониа, а на една пишува...

Иван Либеро уште ги чува сликите со Антониа, а на една пишува дека се четиричлено семејство (ФОТО)

Иван Јованов моментално е во центарот на медиумите откога одекна веста дека Антониа чека дете со друг.

Секако, Иван уште нема проговорено, а најверојатно нема ни да проговори за оваа ситуација, освен што со чиста душа им посака на Антониа и неговиот најдобар другар сѐ најдобро, пред 3 месеци во „Бекстејџ“.

На неговата последна објава од пред еден ден Иван објавил фотографија на која привлече многу женски погледи.

За тоа докажува коментарот на извесен познаник или пријател на Иван кој вели:

-Кога ми е досадно, отворам лајкови кај тебе и правам избор за мис Македонија и аднувам до 100та придружничка, што значи дека Иван има многу лајкови од понежната страна, а очигледно дека жените му се потпикуваат поради шармантниот изглед.

Инаку, Иван од Либеро бенд, сега е сингл. Пред Антониа, тој беше во врска со водителката Јана Серафимова која се омажи за Горан Петровски.

Јана прво беше во ТВ 24, а потоа во Сител а сега води спортска емисија на Телма.

Јана е една од оние убавици за кои рекоа дека ќе го разубави македонското спортско новинарство, и навистина е така.

Откако Јана се омажи, а Антониа објави дека е пред мажење, очекуваме дека и Иван наскоро ќе изненади со убави вести поврзани со љубовта.

Откога Антониа и Иван раскинаа, се шпекулираше дека има нешто и со другарката на Антониа, Мартија Станојковиќ која исто така еден период беше поврзана со фудбалерот Елиф Елмас.

– Јас Елиф, не го познавав лично во тој момент, и се запознавме случајно во Кино Карпош на кафе, покрај Антониа. Немавме никаква допирна точка.

Тој може само да донесе среќа на Македонија, во неговата кариера, но јас и тој ништо немаме, рече Мартија. Таа потоа гостуваше во новото издание на Жешко столче со Никола и таму откри:

– Дружбата со Антониа не ни е оладена. Јас живеам во Куманово, таа во Скопје и тоа е причината што не раздели последниве 2-3 месеци.

Јас живеев многу кратко во Скопје и ми беше многу пријатно да се дружам со неа додека сум тука.

Но, ете некои ситуации не оддалечија. Инаку, контакт си имаме. Како да кажам, си имаме врска на далечина“, рече Антониа.

Водителот инаку ја праша: Медиумите веднаш те чепнаа веднаш после твојот настап со Иван, па сега е прилика да демантираш дека ништо повеќе од пријателство.

Се мисли на нејзиниот настап со Иван Јованов, пејачот на Либеро бенд, кој неодамна раскина со нејзината пријателка Антониа: На ова, Мартија одговори:

– Да, јас и Иван се знаеме одамна, покрј тоа што се знаат нашите родители преку работата, се знаеме и јас и Иван преку Антониа, и ете јавно ќе кажам дека сѐ е професионално, сѐ си е на пријателски однос, си се почитуваме и тоа е сѐ“, рече Мартија.

Антониа својата кариера ја градеше полека но сигурно. Почна со фестивали надвор од Македонија на кои добиваше бројни награди.

Потоа стана популарна со учеството на „Пинк ѕвездички“, па на домашните фестивали и на крајот сними повеќе свои песни.

Антониа пееше и во мјузиклот „Тајно моја“, посветен на Тоше Проески. Таа ја играше главната женска улога. За своето учество во „Пинк ѕвездички“, Антониа еднаш изјави:

„Па искрено јас не се замарам многу со тие работи, заради тоа што мислам дека кој и да победи, прегледите и она што го знае публиката, како и она што се зборува по завршувањето на ова шоу е многу поважно од победата.

Не секогаш победува оној кој публиката сака да победи или кој што навистина заслужува да победи“, рече пејачката во „Хаштаг“.

Иван има втор профил на Инстаграм на кој е потпишан „Боно Кокерот“, на англиски, а таму објавува слики од неговото куче и во описот пишува во негово име.

Иван нема многу фотографии на тој профил, но може да се забележи дека на неколку фотографии ја има Антониа сликана со Боно, а Иван не сака да ги избрише овие слики бидејќи му се драги спомени.

Една фотографија на профилот особено го привлекува вниманието, а тоа е слика со Боно, Иван, Антониа и веројатно потомството на Боно, а сликата дава семејни вибрации.

„Здраво дечки, ова е мојата фамилија“, стои во описот на сликата, а како што може да се види Иван, поточно Боно сака да каже дека се среќно четиричлено семејство.