-Сите луѓе треба да ја работат својата работа одговорно и морално, за да ја задржат професионалноста. Ова што го работам мене ми е многу природно.
Јас воопшто немам ритуал или начин на кој јас сега ќе бидам професионална и успешна.
Едноставно така функционирам и тоа е мојот начин на работа. Тоа е во мојата природа и карактер што е навистина голема предност. Не сум човек кој има работа што го фрустрира. Мене работата ми е задоволство.
Како што банкарите работат во банка, касиерката во супермаркет, така и јас ја работам мојата работа професионално.
Како што тие мораат да ја завршат работата и да пријават промет на крајот од денот, така правам и јас со мојата работа.
Одговорам за сработеното пред очите на јавноста. Тоа значи дека помеѓу моето водителство и телевизиската работа и која било друга професија, апсолутно не постои разлика, ако пристапот е професионален.
Мојот најголем комплимент сите овие години не е врзан за изгледот, дали сум добра водителка, дали сум пријатна со публиката, туку впечатокот на останатиот свет дека сум професионална и дека сум човек од збор, стигнувам на време, мразам доцнење, го почитувам туѓото, но и своето време.
Кога почнуваш некој проект, со оглед на тоа дека зад мене се 10-тина, секој од нив беше различен.
Проектот секогаш зависи од гледаноста, што претставува навистина голем товар да почнеш и да одработиш нешто и да знаеш дека мора да биде гледано.
Сосема е нормално во оваа работа, ако емисијата не е гледана да биде укината. Кога ќе направиш име во работата како што направив јас, стоиш зад некој проект, навистина е голем предизвик, да излезеш, да го износиш, да го направиш, тој да биде гледан или пак да биде погледан од претходниот.
Тоа е природата на нештата, тоа што следува да биде поуспешно. На некој начин е предизвик со себе.
Да бидам искрена, години наназад се натпреварувам со себе. Но, не беше отсекогаш така.
На почетокот на кариерата, првите 10-тина години беше интересно и турбулентно, имаше ентузијазам и луѓе кои ја работеа оваа работа, ја сакаа и ми беа конкуренција.
Во тоа време имаше награди за нашата професија, се гласаше и тоа претставуваше на некој начин мотивација за понатаму“, кажа оваа наша позната инфлуенсерка и водителка Лила во интервју за Хибрид.
Таа за порталот „Женски Магазин” истакна дека татко ѝ бил горд на нејзиното факултетско образование и поради тоа што го остварила својот сон. Тој бил нејзина ѕвезда-водилка, човек за пример и столб во семејството.
„Функциониравме како најдобри другари, а најмногу се радувавме на заедничките прошетки. Беше остар и директен, но секогаш реален во излагањата”, рекла Лила.
Нему му бил дијагностициран кан цер, но дури во поодмината фаза. Иако бил дисциплиниран пациент, кој редовно одел на прегледи, на крајот не успеал да ја победи тешката болест.
Лила додала дека татко ѝ Милан си заминал од овој свет пред осум години.
„Времето поминува, но болката не се намалува. Сè е исто, само се навикнуваш.
Татко ми секогаш ни нагласуваше дека здравјето е најважно”, изјавила Лила.
Во интервју на естрадниот магазин „Бекстејџ“, Лила Филиповска неколку пати напомена, дека пред сè, Никац, сопственикот на Дион е нејзин пријател, но сепак, таа никаде не би отишла, па дури и кај роден брат, доколку не ѝ се допаѓа просторот или храната.
Лила Филиповска објасни која е нејзината омилена храна во Дион, а тоа е, како што рече, пастрмајлијата, која се подготвува во фурна на дрва:
„Пастрмајлијата подготвана на дрва, салатата „Капрезе“, врвната услуга, амбиентот, тоа се неколку работи кои ме привлекуваат во овој ресторан.
Верувајте, брат да ми е, не би одела кај некого доколку не ми понуди врвна услуга“, рече Лила пред камерата на Бекстејџ.
Во разговорот со Лила, се вклучи познатиот пејач на ноќните свирки, кој во моментов го има приматот во Скопје, Драган Темелков Џони.
-Ресторанот е отворен, но уште не е завршен! Се планира да има и игротека, па така, кога ќе дојдат родители со деца, да можат слободно да си седат, а нивните дечиња да се занимаваат.
Нешто што е најважно, околу ресторанот има огромен паркинг, нешто што во денешно време е многу важно и истиот е бесплатен, напоменаа Лила и Џони во интервјуто.
Лила е секогаш интересна за јавноста и секоја нејзина објава, било да е на Инстаграм или на Фејсбук не се пропушта од страна на нејзините обожаватели. Често можеме да дознаеме по нешто ново за водителката од нејзините објави.
Таа на својот Инстаграм профил на стори сподели кратко видео кое е објавено од извесна страница на кое се гледа дека возач на автобус вози неколку кучиња во него, а во еден момент застанува и собира уште едно кученце кое го чека автобусот.
Лила ова видео го споделила кај неа на профил и напишала дека ова е единствениот автобус во кој би се возела. Знаеме дека Лила не се вози со градски превоз, но под услов да има миленичиња во него, тогаш ќе направи исклучок.