Naslovna Zivot Згодната водителка Маја Поцевска откако стана баба смени имиџ, а ова е...

Згодната водителка Маја Поцевска откако стана баба смени имиџ, а ова е нејзината ќерка Јана- личат како да се сестри (ФОТО)

Маја Поцевска долго време не е на ТВ екраните, но е запаметена како една од нашите најзгодни и најатрактивни водителки.

Таа сега се занимава со салонот за убавина на нејзината сестра, кој често го рекламира на својот Фејсбук профил, а работи во Држаната лотарија како ПР. За приватниот живот на Маја се знае дека е разведена и има ќерка.

Маја Поцевска
Маја Поцевска

Во една прилика медиумите пишуваат дека Ким Кардашиан и Маја Поцевска имаат ист фустан. Македонската водителка се пошегува на Фејбук и напиша: Оваа Ким ме копира!

Маја во 2108 година си замина од ТВ Алфа и се вработи во Државната лотарија, и од тогаш поретко е во медиумите. Во една прилика, таа раскажа како и успева секогаш да изгледа толку добро.

– Линијата ја одржувам со редуцирана исхрана, долги пешачења во природа, претежно во планина и во „Фигурела“.

Години наназад секако од станување покрај личната хигиена што е неминовна основа, нанесувам дневна крема која треба да има и заштитен фактор, крема за околу очи и во последно време се покажа како добро.

Маја Поцевска
Маја Поцевска

Масажа со гумен масажер со ситни гумени влакненца и кружни движења, правам масажа и циркулација на лицето, а и подлабоко впивање на кремата.

Потоа следува нанесување на база пред пудра и дневна ненападна шминка.

Секако во текот на денот во зависност од тоа дали ќе изглегувам некаде ја обновувам шминката.

А доколку дојдам дома веднаш ја отстранувам со масло за бришење шминка, потоа мицеларна вода, па тоник и повторно крема за лице“, рече во една прилика во Женски магазин Маја.

Поцевска веќе неколку години не ја гледаме на тв-екраните, но за среќа тука се социјалните мрежи преку кои може да ја лоцираме каде е ѝ што прави, напиша Слободен печат за Маја пред две години.

Маја тогаш беше на Бали. Екс-водителката уживаше во убавините на овој остров и објавуваше фотогафии и видеа од таму.

Маја на Фејсбук објавува слики иод нејзините излегувања, и секогаш во преден план е нејзиното дек-олте по кое е позната.

Убавата водителка пред неполни пет месеци стана баба. Внуката Мина од ќерката Јана и зетот Стефан, сега е целиот нејзин свет.

Маја вели дека е традиција во нејзиното семејство жените млади да стануваат мајки.

„Мојата мајка мене ме родила на 18 години, јас ја родив Јана на 22, а Јана ја роди Мина исто така на 22. Имавме неодамна генерациска средба со пријателите од средно.

Повеќето мои другарки имаат мали деца, но јас ете бев паметна и подранив. Тоа дека имам внука, беше топ тема на оваа средба“, кажала Маја.

А нејзината ќерка Јана е исто така многу убава девојка, и личат како да се сестри.

Маја Поцевска
Маја Поцевска

На Инста профилот на еден салон за убавина, се појави слика од Маја Поцевска.

На неа се гледа дека таа сеге има нов имиџ, тоест надгардба на коса и наочари, и може да се рече дека навистина од познатите личности кај нас ниту една баба не е вака згодна.