Naslovna Zivot Владо Јаневски си ја отвори душата за една своја постапка: Кнедла ми...

Владо Јаневски си ја отвори душата за една своја постапка: Кнедла ми се прави во грлово, ми идат емоции

Владо Јаневски во интервју за естрадниот магазин Бекстејџ неколкупати досега има изјавено дека генерално слабо се дружи со луѓе, научил да му биде забавно сам со себе, а неговата куќа ја вика тврдина.

Jаневски е познат по тоа што пишува најубави љубовни стихови. За своите песни, тој вели дека се автобиграфски и секоја од нив има некоја своја приказна. Тој во еден период често даваше интервју а за тој за Женски магазин изјави:

Секоја песна мора да има своја почетна мисла поврзана со личност или настан, милион идеи треперат во воздухот секој ден и околу секого.

Прашање е само на чие рамо ќе слета инспирацијата и дали сопственикот на рамото ќе је препознае како вредна за од неа да се роди нешто вредно.

Мене тоа ми се случи едно неделно попладне крај Треска при еден излет на Матка… И, ете песна. Се кријам во мојата куќа во Чаир која ја претворив во мала тврдина за никој да не ми пречи.

Всушност, другите ја викаат тврдина бидејќи има електрични капии, безбедносни камери и слично, ама јас си ја викам оаза.

Тука ми е најубаво, бидејќи одамна научив да ми биде забавно самиот со себе“, рекол Јаневски, но тој сега има нов дом, а тоа е Гевгелија, и во Канал 5 тој открил за оваа негова преселба.

„Можеби не се случува нешто многу околу мене, живеам еден мирен, многу спокоен живот, не е ни од далку бруно како што луѓето замислуваат, ниту гламурозно- кој знае како си го тераат животот ова пејачиве…

Воопшто не е така. Јас барем обожавам така да живеам, мирно спокојно.

Затоа и се преселив во Гевгелија, таму ми е многу спокојно, четири брзини поспоро него во Скопје. Мислев дека ќе ми биде убаво, не знаев дека до толку ќе ми биде убаво.

Штом отидам во некој друг град на концерт, прва мисла ми е-назад во Гевгелија, не ми е назад во Скопје, и веќе во глава ми дојде по дифолт, да си вртам десно за Гевгелија.

Не толку што е потопло, толку е мирно, луѓето се кротки, тоа ми одговара.

Не дека има нешто многу пријатели, не дека некој многу бурен живот имам, ама токму она што ми треба, еден спокоен, мирен живот, којшто е спротивност од шоу бизнисот.

Значи ако шоу бизнисот е брзо, лудо, бучно, интензивно, Гевгелија е се што не е, Гевгелија е се обратно. Мирно тивко, и токму тоа ми треба за баланс“, рече Владо.

Владо Јаневски најави дека ќе одржи концерт во Маврово, и тоа новата сала за концерти- Ле Гранд Арена, на 4 февруари, а ќе го придружува неговиот комплетен бенд.

Во една прилика, во емисијата Еден на еден Владо раскажал дека кога пишува песни за некои други пејачи, а не за него, полесно му е да го види човекот, да види како дише и потоа да му напише песна.

-Само не ми е јасно и ден- денеска, што ми текна, „Полско цвеќе“ го напишав за Тоше. На дечко од 25 години да му напишеш песна за cм pт, беше малце… Необјасниво, мене така ми дојде.

Не знам, и малце ми е незгодно кога на интернет ќе прочитам коментари… за млад човек можеш да напишеш милион теми, а не е млад да ме покрие… затоа што он бараше епско, драмско, длабоко, високо..

Он кога дојде рече, имам прва мелодија, сакам прв текст ти да ми го напишеш, многу те ценам.. Веќе ми иде емоција, кнедла ми се прави во грлово.

И ми рече: мелодијата и е широка, висока, распеана, од дно до плафон, дај една емоција којашто е безвременска.

Mене најмногу што ми текна тогаш е млад човек којшто треба да живее уште толку, он би ум рел за љубов. И тоа ми беше најголемата жр тва, ако не ме сакаш, па нек ме прекрие цр на земја.

И јас со тој пристап, гледајќи го човекот што сака, напишав „Полско цвеќе“, каде што он посакува- па ако не е она негова, џабе живеам. Па после ќе прочитам: он мора да пречувствувал.

Он не пречувствувал ништо, кој на 25-6 пречувствува било што. Ама луѓето знаат така некогаш да бидат површно злоб-ни“, раскажал Владо Јаневски.