Една од нашите најголеми музички ѕвезди Тамара Тодевска се разведува со својот сопруг е веста која на 7 ноември ја објавија доста домашни медиуми.
Иако за оваа информација се шпекулира подолго време, тимот на „Убавина и здравје“ доби официјална потврда за оваа вест.
Имено, дознавме дека славната пејачка и поранешниот кошаркар и Александар Димитревски – Мачка одлучиле да се разделат,
но да останат во добри и коректни односи, пред сѐ штитејќи го интересот на нивните две деца, стои во текстот кој го објави Убавина и здравје.
– Да, точно е дека се разделивме, но ќе продолжиме да одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко.
Ова не е ниту прв, ниту последен ваков случај. За мене, искрено, многу важни се децата, нивните права и интереси да останат заштитени.
Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на нив и сакам да останат настрана од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично.
И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив, вели Тодевска.
Убава и модерна дама е Софија Димитрова, мајката на Александар Димитровски- Мачка кој инаку потекнива од Гевгелија, а Тамара во повеќе наврати кажа дека сакала да оди во Гевгелија кај семејството на екс сопругот.
Тамара, која на Евровизија во Израел во 2019 година го освои седмото место со песната Proud, во една прилика гостуваше во Јутјуб емисијата Жешко столче со Никола.
– Биди благ те молам, стара сум веќе не можам да поднесам“, го замоли Тамара водителот на почетокот од емисијата, и го замоли да не ѝ поставува многу провокативни прашања.
Тамара најави дека в во студиото на Лазар Цветковски снима нови песни со модерен звук што мириса на нејзинот стил.
Тамара откри дека е многу талентирана за сликарство, и како мала имала добиено награди на натпревари по цртање, па се пошегува на нејзина сметка: „Сигурно сум била втора“.
Раскажа и дека имала свои изложби, и сега на своите деца сака да им пренесе љубовта кон цртањето.
Потоа муабетот ги наведе на еден од најголемите нејзини хитови, можеби и најголемот „Тажна љубов, среќна песна“.
„Велат дека хитовите се прават еднаш во десет години. „Тажна љубов, среќна песна“ беше во 2014, и имав уште некое време да стигнам до уште некој таков хит.
Жал ми е што не направив спот, не знам што размислував тогаш.
Не дека не ми е омилена, предосадна ми е. Не можам да ја слушам. Ја имам препеано и ми е дојдена преку глава, ама далеку од тоа дека јас не ја сакам.
Сите мои песни си ги сакам, но дали дека ми е преслушана, кога ќе ми кажат за „Тажна љубов“, превртувам со очи, и викам- аман више со таа песна“, изјави пејачката.
Потоа, водителот ја праша: Дали ти прости народот откако ја истетовира химната. На ова, Тамара му одговори:
„Не беше тоа поентата воопшто, да ми простуваат, едноставно, едно сабајле се разбудив, му се јавив на Горан Мичиќ и му реков: Сакам да ја истетовирам химната. Он ми рече: Ма, дали си ти нормална.
Му реков: Имам желба да си го запошам тоа на телото и да ме потсеќа на еден период од мојот живот којшто ми беше доста тежок и ми остави некоја рана на срцето“, рече Тамара и повтори дека не ѝ била намерата некој да ѝ прости, но ѝ е драго ако имало такви коментари.
На своот Инста профил, пејачката сподели интересна објава:
-Обично им давам на луѓето повеќе шанси отколку што заслужуваат, но кога сум готова- готова сум!“, сподели Тамара на Инста стори, а овој цитат кажува многу за нејзината личност.