Лепа Брена е една од најпопуларните и најдобрите пејачки на овие простори. Таа ретко знае во јавност да го пофали својот сопруг Боба, но кога ќе го пофали, тоа е со многу убав опис.
– Тој е една многу комплексна личност. Тој ги научи нашите деца дека ако сакаат да бидат хедонисти, во тој случај треба да заработат доволно пари за да можат да живеат таков живот.
Ги научивме дека од нас го наследиле брендот, името и презимето на своите родители, а својот бренд и почитувањето од луѓето ќе мораат самите да си го изградат. Ако сакаат да живеат богато, треба да ги засукаат ракавите.
Нашите синови се добри момчиња, но Боба е едноставно човек кој страстно ужива во својот живот, сака големи ангажмани и големи дела.
Она што кај него е карактеристично е тоа што не сака да се експонира во она кое што го постигнал“, рече Брена за својот Боба.
Во една прилика, таа за себеси раскажа во што е многу лоша. „Јас сум многу лоша готвачка. Многу сум подобра организаторка.
Готвам само ако морам или ако децата ми побараат. Инаку, знам сè да готвам“, изјави Брена.
Таа раскажа за своето детство во Босна и Херцегодина, во градчет Брчко каде што пораснала. Детството не ѝ било многу лесно.
„Кога бевме мали, мајка ми не учеше да месиме леб, за да не мораме надвор да одиме да купуваме кога беа силни зими.
Навечер месевме леб за да го имаме свеж за на сабајле, а преку ден правевме мекици и пити.
И ако ме прашате кој е најубавиот спомен кој веќе на себе си не можам да си го дозволам, тоа е да го замесам лебот навечер, утредента да го испечам, и потоа да го јадам со домашен путер и со оној познат џем од сливи кој во себе ги имаше и лушпите.
Некои можеби претпоставуваат дека денес нашата куќа мириса на парфеми и на некои вештачки мириси, но сепак, нашиот дом најмногу мириса на храна.
Брена, која со децении е позната во регионот по својот стас и глас, проговори за својот приватен живот, пренесува express.ba.
Брена изјави дека нејзиниот брак не бил идеален и дека таа и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ имале подеми и падови.
Таа рече дека на моменти не ѝ било лесно и дека нејзиниот семеен живот не се разликува многу од животот на другите семејства, нагласувајќи дека имало конфликт на мислења меѓу неа и нејзиниот сопруг.
„Ниту еден брак не е идеален, па не беше ниту мој. Имаше конфликт на мислења, како и во секој брак.
Сè уште живееме на Балканот. Во секој случај, мора да им дадете предност на мажите.
Од друга страна, добро знаеме дека мажите се воспитувани да имаат приоритет во се и да сакаат да фатат „брзи возови“, всушност за некои жени како мене.
Индивидуални и независни. Отсекогаш знаев да се борам“, рече таа и додаде дека отсекогаш ги воспитувала своите синови да ги почитуваат жените.
Покрај тоа, таа откри како ги решавала споровите со нејзиниот сопруг и зошто компромисот бил и останува клучна алка во нејзиниот однос со Боба.
„Сите проблеми ги решаваме со разговор. Сепак, имаме деца и семејство, а во заеднички интерес многу е важно да броиме до десет.
Молчев, простував и броев до 10, бидејќи веќе не се работи само за нас, туку и за децата.
Единственото нешто што никогаш не сум дозволил е да се премине одредена граница, каде што сопружниците си го уништуваат интегритетот и достоинството. Тоа е нешто што никогаш не го дозволувам.
Мора да има компромис, тоа го правиме за доброто на децата и не креваме тензија кога нема потреба.
Тие не треба да стра даат поради нашите кавги.
„Тврдам дека без договор и компромис не може да опстане ниту еден брак, па ни мојот“, искрена е Брена.