Росана Сариќ- Тодоровска засекогаш ќе остане запаметена како Росана, од дуетот „Маријана и Росана“, близначките што на публиката ѝ ги дадоа најубавите музички хитови, кои и ден-денес публиката ги слуша.
Некои од тие песни добија ремикси и се популарни меѓу младите генерации. Росана Сариќ-Тодоровска, на времето во дует со сестра ѝ Маријана Новачевска ги освојуваа првите места по музички фестивали и испеаја безвременски хитови.
Со оваа професија таа се занимаваше подолго време и, како што вели, ја работела со голема љубов, иако ѝ недостига „златното време“ на македонската музичка сцена, за кое не губи надеж дека во блиска иднина повторно ќе започне, објави Слободен печат.
Но, денес Росана е посветена баба што секој слободен миг го минува со внуците Ноах и Матео, од ќерката Ивана и зетот Џејмс, а повторно почна да пее заедно со Александар Митевски и Драгана Спасов- Дац.
– Во времето кога музичката кариера ни беше во цутот, постоеја концерти, фестивали, забавно- музички емисии, разни прослави итн.
Работата што требаше да ја завршиме за една фотосесија, или за издавање албум со нашата музика беше огромна.
За нашата работа добивавме финансиски надоместок, но многу поважно е дека тоа, заедно со публиката, ни даваше полетност и сила нам, на естрадните уметници, да твориме уште повеќе, да бидеме присутни на сцената.
Начинот на живот, снимањата или прославите што траеја до доцна во ноќта, не дозволуваа да можеш да имаш и дополнителна работа во тоа време.
Кога работите почнаа да се менуваат и многу од горенаведеното престана да се случува, естрадните уметници започнаа да ја чувствуваат потребата да имаат и „секојдневна“ работа.
Таа нудеше поголема сигурност, плата на крајот на месецот, односно сигурна егзистенција. Не гледам ништо лошо во тоа уметниците да работат напоредно две или повеќе работи покрај уметноста со којашто се занимаваат.
Но, навистина жалам за тие убави времиња, за тие прекрасни програми со забавна содржина, за снимањето на новогодишните емисии, за дружбата зад сцена во текот и по завршувањето на фестивалите…тоа веќе го нема.
– Целата кариера со Маријана ми е омилена. Направивме навистина голем број хитови, но ако веќе морам да одберам омилена, тогаш нека бидат „Едно срце имам душо“ со Маријана и „Надежи“ со мојот упокоен брат Мирослав“, рекла Росана за својата сестра која повеќе од 30 години живее во Австралија.
А, Маријана која инаку рабпти како медецинска сестра во Австралија, и пее само за своја душа, сега стана јутјуберка.
Таа на нејзиниот канал снимила едно интересно видео, во кое дава важни совети како да се ослабне, но во ова видео, таа го покажала и нејзиниот дом.
-Здраво на сите. Како да ослабнеме, да вежбаме, а да не не кошта ич пари. Еве го мојот предлог. Што ви е потребно како состојки? Волја, да сакате да ослабнете и да вежбате.
Столче, било какво што ви се наоѓа дома, по можност чорапчиња, еве јас имам црни. Моите се наопачки ставени, тоа јас обично го правам за против уроци, за да не ме урочи некој.
И, по можност плочки, кои не се исчистени барем една недела, така да има малку остатоци од готвењето, од мрснотиите, ете и тоа помага.
Дали нешто заборавив?А, да најверокатно и црвен кармин, тоа е многу модерно по теретани кога ќе вежбаат.
Па, да продолжиме. Значи, имаме се. Ефтино, не трошите никакви пари. Значи, почнуваме. Цврсто за столчето, и еден два“, рече Маријана и почна да ги прави вежбите со нозете лизгајќи се на плочките.
-Немојте да претерувате, не повеќе од 2 минути на ден, затоа што можат да ве заболат мускулите. Значи, ќе терате некаде до 10 минути, а времетраење до кога, најверојатно до крајот на животот.
Најверојатно ќе ослабите онолку коллку што ослабев и јас. Чао на сите“, рече Маријана во ова интересно видео, кое можете да го погледнете ТУКА.