Naslovna Zivot Кате од „Соната“ и Трајче криеја дека се во врска и никој...

Кате од „Соната“ и Трајче криеја дека се во врска и никој не се посомнева, сега е познато зошто тоа било така

Групата „Соната“ која е инаку од Велес, е една од најбараните за нашите свадби, прослави, крштевки, матури, а Кате и Трајче се нејзин заштитен знак долги години.

Пејачката и клавијатуристот на фолк групата, Катерина Брезева и Трајче Бондиков верувале или не цели 18 години беа во љубов и во врска.

Конечно, по 18 години, тие во мај во 2019 година решија да застанат на лудиот камен.

Кате и Трајче го кажаа судбоносното ДА, и се венчаа пред матичар.

Во тоа време, јавноста дозна и дека Кате и Траајче се подготвуваат за уште една важна улога, улогата на родители.

Убавата невеста, бееше во осмиот месец од бременоста, а јавноста тоа го дозна откако Кате и Трајче се пофалија со слики на социјалните мрежи.

Нешто повеќе од еден мсец потоа, тие имаа уште една голема радост- им се роди ќерка.

Инаку, својата бремемост, Кате ја криеше од јавноста, а убавата вест ја објави токму на денот на венчавката. Катерина Брезева и Трајче Бондиков во јуни во 2019 година, добија принова.

Ќерката ќе се вика Ана, а радосната вест ја сподели Бондиков на „Фејсбук“.

Никој со години не знаеше дека тие не се само партнери на сцената, туку и дека се и вон неа, во приватниот живот.

Катерина Брезева за Женски магазин зборуваше за тоа како и поминува нејзиното секојдневие со сопругот и со ќерката.

„Првото утринско кафе го пијам со мојот сопруг разговарајќи за претходниот ден најчесто впечатоци од изминатата свирка“, рече Катерина. „Она што ме мотивира сега е мојата Ана.

Таа е најголемата мотивација во нашиот живот. Се неа се будиме заедно, пееме и создаваме нова музика. Денот ни поминува со повеќе обврски околку нејзе.

Бидејќи за време на викендите таа не е со нас, затоа преку неделата целото време сакам да ѝ го посветам на неа“, рече Катерина за својата разделеност од ќерката кога има има настапи.

Потоа кажа дека во лето семејно се капат во Велешко езеро.

Тие се доказ дека за љубов никогаш не е доцна и нивната љубовна приказна и ден денес се рааксжува. Сега турбо настапуваат и се уживаат во грижата за ќерката.

Во една прилика, ие објавија прекрасна семејна слика на која се гледа дека малата Ана пораснала во прекрасно девојче. На сликата, Ана е облечена во дедомразовски костум.

Тие објавија и уште една убава семејна слика, во проширен состав со повеќе деца, на која добија многу позитивни коментари од своите пријатели.

Кате во едно интервју за Естрада плус, зборуваше за својот роден Велес и за тоа како во нејзиниот град се уште се негува убавата музика.

– Има многу музика. Има многу добри музичари. Често знам да споменам , што сме имале среќа кога почнувавме ние имамвме среќа да свириме заедно и настапуваме со повозрасни музичари. Во Велес секогаш се свирела таква, градска музика.

Многу е застапена, била застапена и сеуште е застапена и забавната музика. Верувајте во Велес нема забава каде што нема да се отпее рокенрол, валцер задолжително.

Се уште е застапена навистина многу убава и градска музика“ истакна Кате.

За нив велат дека тие се групата која пред пандемијата не можеше да „здивне“ од настапи по свадби, крштевки веселби. Ако сакаш да ти свират, треба да ги резервираш многу однапред.

Затоа велешката група “Соната ” долго време опстојува на македонската сцена, веќе 20 години, а зад себе имаат бројни песни, како и многу настапи низ нашата земја, а ги сакаат и нашинците во дијаспората.

Кате и Трајче, иако поминаа низ доста препреки, кријеќи за својата љубов за да си ја заштитат приватноста од љубопитните очи, сега комплетно уживаат во својата среќа.

Иако криеле дека е во врска, Кате и Трајче цело време објавувале заеднички слики кои се гледаат и сега на Инста профилот на Кате.

Од кафиња кои ги пиеле заедно, од настапи, па така никој не се посомневал дека тие двајца се и повеќе од музички колеги.

Кате има објавено дна слика од неа во бикини, и тоа во 2018 година, кога уште не се знаеше дека се заедно, а и коментирал токму Трајче со емотикон, и токму на таа слика, што кажува дека нивната блискост трае одамна.