Катерина Танева Ѓорѓиев, попозната како Кате,,Нели ти реков” е синоним за одмереност, скромност и неверојатен глас на сцената.
Убавата кавадарчанка веќе долги години со семејството живее во Скопје, ја освои јавноста со евергринот ,,Запри дожду”.

Овој хит, Кате го отпеа на фолк фестивалот Валандово уште во деведесеттите години на минатиот век“.

Заедно со кавадаречко-неготинската група ,,Нели ти реков” оставија голем број на хитови во изминатите години, а потоа дошло време секој да си продолжи по својот пат.
За ,,Фокус” Танева открива која е причината поради која по повеќе од триесет години не настапува со членовите на ,,Нели ти реков” со кои биле како семејство, во добро и во лошо.
-Групата е нераскинлив дел од мојот живот и мојата музичка кариера.
Токму поради бендот и јас станав препознатлива како Кате од ,,Нели ти реков”.
Кога една група на луѓе заедно работи повеќе од три децении, ги дели успесите и падовите.
Секојдневните настани, заеднички радувања на достигнувањата, сосема природно е да ти биде како дел од семејството.
Со членовите имаме цела ризница од спомени, оставивме белег на македонската фолк сцена – вели Кате.
-Кризата се чувствува насекаде, посебно во музичкиот сектор.

Многу полесно се добива понуда за ангажман во локал како самостоен уметник или како дуо, отколку како поголема музичка група.
Затоа со членовите решивме дека секој ќе си продолжи со својата кариера, со самостојни настапи, бидејќи ние сме сепак музичари и живееме од настапи“, објаснила за Фокус Кате.
Кате во една прилика гостуваше на ТВ Сител, и меѓудругото рече дека во родното Кавадарци имала многу среќно детство.
Талентот и музикалноста ги наследила од родителите.
–Живеев во една хармонија, татко ми свиреше на повеќе жичани инструменти.
Многу често се случуваше, додека јас се спремам за настапи, тој да застане пред вратата на купатилото, да свири“, рече Кате.
Потоа раскажа дека пеела на фестивалот „Златно славјече“, а за неа песна напишале познатите музичари Драган Ѓаконовски- Шпато и Васил Пујовски.
-И ден- денес го носам тој став, таква сум по природа, срамежлива.
Тоа беше моето телевизиско искуство“ рече Кате која со групата “Нели ти реков“ почнала да пее кога имала само 18 години, а прво почнала со забавна музика.
-Тогаш немаше многу убаво мислење за пејачите, јас не сакав да работам така, да пеам по ресторани.
Меѓутоа, тука беше мојот татко. Кога дошле дечките да ме викаат во групата, јас не бев дома, бев кај сестра ми.
Татко ми се јави и ми рече дека има едни деца што сакаат да работат со тебе.
Јас кажав: Тато, нема шанси. Тој ми рече: Јас сум ти родител, народот ќе збори и така и вака.
Ако седиш дома, ќе бидеш проста. Ако си позната личност, ќе збори може и се најлошо за тебе.
Ти биди си таква каква што сум те воспитал. Зад добриот коњ се дига прашина. Со негова поддршка ја прифатив понудата“, рекла Кате.
Потоа продолжи со приказната дека исто така татко ѝ инсистирал да настапува на фестивалите.

Таа не сакала да пее народно, туку рок, но прифатила да пее песни со некој помодерен ритам.
Исто така, раскажала кој човек ѝ бил како ветер во грб и најмногу ја штител, што се вели, да не ѝ фали влакно од главата.
“Пеевме во хотел „Балкан“, татко ми доаѓаше да не слуша и им кажа на колегите:
Влакно не смее да ѝ фали од коса“, раскажа Кате за своите почетоци.
Инаку, таа е долги години во брак со свокот сопруг кој претходно ја следел на сите настапи, зато што ѝ било полесно тој да ја вози додека таа одмара.
Кате е среќна мајка на Ларита и на Марко, чии слики од време на време знае да објави на нејзините профили.
На нив се гледа колку е убава Ларита и колку наликува на својата мајка.
Но, она што може да се забележи на Инстаграм и на Фејсбук профилите на Ларита, убавата ќерка на Кате е дека таа е среќна и вљубена.
Профилните слики на Инста и на Фејсбук ѝ се со истото момче.
Ларита инаку студира во Сивус едукативниот центар, приватна компанија која претставува специјализиран центар за обука и едукација на кадар
во областите на програмирање, дизајн, компјутерски мрежи, тестирање на софтвер, дигитален маркетинг и наука за податоци.
Дали оваа љубов со момчето кое е на сликите ќе прерасне во нешто повеќе од врска, и дали и на портите на семејствпто на нашата позната шејачка Кате ќе заѕвонат свадбените ѕвона, останува да видиме.