Naslovna Zivot Катарина Ивановска откри какви мажи сакаат жените – дали Перо припаѓа во...

Катарина Ивановска откри какви мажи сакаат жените – дали Перо припаѓа во оваа група?

Познатиот кошаркар Перо Антиќ, сега претседател на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), во интервју за „Жешко столче“ минатата година, зборуваше за актуелните состојби во мак баскетот, но и за можноста да си замине од челната позиција во КФСМ.

– Едноставно кога знаеш дека донесуваш правилни одлуки, за доброто на кошарката, а не за себе не те допира ништо. Ми фали тоа да се конфронтирам, расправам и објаснувам, тоа беше мое размислување порано, но не гледам во тоа добивка.

Се работи за национален интерес за кошарката и сакаме да ги искористиме сите наши врски на најдобар можен начин за да се извадат нови кошаркари, нови млади.

Одиме само напред и не ги гледаме негативните коментари поради тоа што тие имаат, колку што знам јас еден лајк, еден „шер“ и на луѓето им е преку глава веќе од тоа.

Кај нас е „дежа-ву“, сите се тренери, сите се директори, сè и сешто. Четиригодишен е мандатот, но воопшто не ми е важно. Ако не им се допаѓа на работењето, условите нека донесат подобар слободно.

Ниту сум врзан за таа функција, ниту било кој треба да биде врзан за функција. Треба да биде врзан за доброто на кошарката, ако не им годи јас ќе најдам нов предизвик. Тоа е најмал проблем.

Со најпозитвно сеќавање би излегол од таму. Клубовите одлучуваат, здруженијата, па ако не им се допаѓа прв ќе си отидам – вели меѓу другото Антиќ. во јавноста.

Tој последниов период е ектуелен по врската со Катарина Ивановска, нашиот познат модел.

Катарина Ивановска, познатата манекенка која е успешна и надвор од границите на нашата држава, во интервју за Слободен печат зборуваше за својата дисциплина.

-Дисциплината со која живеам од дете ми помогна и во обврските со децата да воведам дневна рутина. Во првите 5 месеци по породувањето, не прифаќав ангажмани и тоа е период кога едноставно не сакав да се одвојувам од децата.

Таа зборуваше за нејзиниот тогашен партнер, таткото на нејзините деца, со кого откри дека не била во официјален брак.

Мојата одлука да бидеме во таков тип релација и семејство се заснова на размислување и донесување заедничка одлука да бидеме семејство на две индивидуи кои, пред сѐ, се во љубовна и во пријателска длабоко искрена релација.

Хартијата од матично во моментов не ни претставува ниту приоритет. Се разбира, некогаш кога ние ќе посакаме, тоа и ќе се случи.“, рече во Слободен печат Катарина.

– Кога завршив средно школо прво што сакав да студирам беше политички науки, но тогаш кариерата ми тргна по нагорна линија и морав да ја искористам шансата која ми се пружи.

Катарина неодамна гостуваше во „Бекстејџ“ и рече дека е многу среќна со Перо и не откри повеќе од тоа.

Перо и Катарина одамна немаа објавено заедничко стори, од летниот одмор во Бодрум, а една слика која ја објавија неодамна има посебна приказна. Имено, сликани се во еден скопски познат клуб.

На сликата, Катарина за првпат за јавна објава го бакнува Перо, а неговото задоволно лице и кажува колку им е убаво заедно.

Токму затоа, настанало ова стори во кое Перо ја означил Катарина.

За своите три сина, Перо рече дека во ниту еден од нив не го гледа својот наследник. Лука и Павел се во кошарката, но тој не им прави никаков притисок, туку им дава поддршка правилно да се развиваат.

Перо за себе си рече дека е бунтовник со причина. „Таков е мојот карактер, имам и тетоважа:

Мој живот, мои правила, но не со глава во ѕид. Сам создавам за себе и за својата фамилија и мислам дека треба да ги следам своите правила.

Секогаш главата горе, животот е школо. Ако ја спуштиш, значи нешто те натерало“, одговори Антиќ во едно интервју.

Перо и Катарина не објавуваат многу заеднички слики заедно, но Катарина често знае да објави некој „мим“ каде што ќе го „буцне“ Перо на шеговит начин.

Така таа објави на своето стори „мим“ на кое пишуваше што мислат мажите, какви мажи сакаат жените, а до описот имаше маж со мускулесто тело, додека под тоа пишуваше какви мажи навистина сакаат жените и имаше слика од познатиот глумец кој е насмеан и изгледа слатко, но не е мускулест како тој на првата слика.

Катарина можеби со оваа слика на Перо му појаснува нешто, но во секој случај може да се каже дека тој припаѓа во двете групи, па манекенката се посреќила.