Naslovna Zivot Јордан Митев искрено раскажа каква драма му се случува кога поминува граница:...

Јордан Митев искрено раскажа каква драма му се случува кога поминува граница: Детално сум испрашуван каде одам, со кого одам, колку останувам и кога се враќам

Јордан Митев во една прилика рече дека никогаш немал дилема што ќе стане отако ќе заврши училиште, тој знаел дека ќе стане музичар.

„Јас завршив во село Подареш, тоа е моето родно село, радовишко село, прилично големо место, тоа е над 500 куќи, живо е ,активно.

Јас и денес се одморам таму, ја црпам мојата енергија. Таму завршив основно, а паралелно патував два пати неделно во Радовиш да учам и музика.

Потоа, се запишав во средното музичко училиште во Штип, рече Митев во емисијата „Магазин“.

Тој магистирал оркестрација кај познатиот професор Живоин Глишиќ во Скопје.

Митев зборуваше за сите семинари насекаде низ светот каде што одел како претставик на македонскиот фоклор и дека 15 години е веќе во естрадата.

За познатиот музичар Драган Даутовски коиј му бил професор, тој рече дека му бил како татко и имале прекрасен и пријателски однос.

Потоа, се пушти емотивната песна Татко, за која Митев рече дека е направена според вистинска случка, а тој ја напишал и го режирал спотот.

-Еден нашинец од Италија ми се јави некаде пред Нова година во не добро расположение и ме замоли да напишам песна којашто ќе биде посветена на татко му, бидејќи тој поради одредени причини не бил присутен на неговиот последен поздрав.

Мене ме погоди таа приказна. Ова е наменска песна но верувам дека многу луѓе ќе се пронајдат во истата. Се надевам ќе остане и ќе се пее понатаму“, раскажа музичарот.

-Би издвоил еден настап кој што беше во 2015 кај нашиот јужен сосед, тоа беше еден голем настан, поради тој мој настап јас имав и забрана за влез во Грција.

Но, тоа беше така еден доста еурофичен настап, кај што беа присутни доста луѓе, кај што се пееше македонска песна. И сега кога ќе се сетам на тоа се ежам“, рече пејачот.

Јордан рече и дека песната „Жена за сто години“ е посветена на неговата сопруга Славица Митревска, со која е четири години во брак и раскажа како се запознале.

-Се запознавме во Австралија, мојата сопруга е родена таму, таму има живеено. Ете, така некако се споија работите да биде што биде и излезе да живееме овде.

Во Австралија одиме прилично ретко“, рече Јордан па потоа се пошегува: Ваков човек како мене, лесно е да освои.

Јас една година однапред бев закажан и така ете ги редевме работиме кога јас одев во Австралија професионално, да биде и приватно гостување.

Сега е малку отежнато одењето во Австралија, но генерално сме овде, овде живееме, овде функционираме.“, рече познатиот пејач познат по веселата атмосфера што ја прави секаде каде што ќе настапи.

Потоа, водителката го праша дали е романтичен, а пејачот одговори:

Штом пишувам љубовни песни, мислам дека сум солиден. Мислам дека тоа сопругата треба да го каже“, откри пејачот.

Јордан призна дека поради еуфоричната атмосфера која ја прави со македонските песни, на него му било забрането да влегува во Грција.

Раскажа и дека имал убави настапи и низ Австралија и Европа и секаде каде што живеат нашинци.

-Би издвоил еден настап кој што беше во 2015 кај нашиот јужен сосед, тоа беше еден голем настан, поради тој мој настап јас имав и забрана за влез во Грција.

Но, тоа беше така еден доста еурофичен настап, кај што беа присутни доста луѓе, кај што се пееше македонска песна. И сега кога ќе се сетам на тоа се ежам“, рече пејачот.

За истиот настан, го прашаа во едно интервју за Музички регитсар, а тој пред да одговори на ова прашање изјави:

– Жал ми е што не му посветувате доволно внимание на фолкот и сите негови потжанрови.

Не би сакал да навлегувам во детална анализа зошто е тоа така, бидејќи не сте само вие со тој став и тој терк на работа.

Но, јас сметам дека навистина имаме и покрај сѐ, квалитет што заслужува вистинско внимание. Само тој квалитет треба да се одвои непристрасно и истиот да го добие своето заслужено место.

Приказната со Ај што мерак имам бабо ја кажав и погоре. Едноставно песната доживеа прав момент и тоа е тоа. Кога треба да биде ќе биде.

Мене ми е драго што песната достигна големи височини, барем за нашите македонски стандарди и драго ми е што преку истата песна на голема врата го претставив мојот регион, а потоа доби прашање:

Дали сеуште имаш забрана за влез во Грција поради оној настап од 2015 година одржан во Грција пред македонците што живеат во Грција?

-За Грција имав 3 години забрана. Забраната е веќе истечена и можам да влезам во Грција но при секое влегување детално сум испрашуван каде одам, со кого одам, зошто одам, колку останувам и кога се враќам“, кажа Митев.