Naslovna Magazin Јелена Розга откри детали за своето лошо здравје, со овој проблем се...

Јелена Розга откри детали за своето лошо здравје, со овој проблем се бори со години

Јелена Розга која многумина ја доживуваат како префинета дама и пред се сталожена, открила дека како секој нормален човек, и таа понекогаш има „жолти минути“.

Јелена Розга која важи за една од најзгодните хрватски пејачки вели дека не се доживува себеси како таква.

Најгорда сум на својата душа. На тоа што сум воспитана и одгледана да ги ценам вистинските вредности, внатрешноста на човекот, како кај себе, така и кај другите луѓе.

Нема тука долги нозе или гради кои можат да ја засенат убавата човечка душа која плени со добрина“, вели пејачката.

Јелена Розга на доделувањето на наградите Цесарица, блесна во тесен бел фустан, само два дена откако го привлече вниманието на доделувањето на наградите MAC во Белград.

„Во Белград беше убаво и забавно, се помина одлично“, изјави таа за Story и се осврна на фактот дека неодамна мораше да го откаже концертот во Спаладиум арената во Сплит.

„Бараме простор, се занимаваме со него. Сигурна сум дека моите сплиќани ќе уживаат оваа година“, откри таа. Таа ја коментираше и нејзината лоша здравствена состојба.

Да потсетиме, Јелена неодамна на прашањето дали е заљубена на српските новинари им одговори дека „има се што и е потребно на една жена“, што многумина го протолкуваа како потврда дека пејачката повторно е вљубена.

„Успеав да одморам по Загребската Арена. Штитната жлезда не ми е баш најдобра, но не се жалам“, рече таа, а претходно има раскажано се за овој проблем.

Розга открила дека во тоа време постојано се будела уморна и губела на тежина. Не била сигурна што е последица за нејзината лоша здравствена состојба, па после низа контроли и бил дијагностициран проблем со штитната жлезда.

„Веќе десет години имам проблем со штитната жлезда и примам редовна терапија. Секое утро ми почнува со мојата дневна доза. Се будам и го пијам моето апче. Тоа стана дел од мојот живот“, раскажала Розга.

Пејачката уште открила и дека има денови кога се чувствува добро, но има и од оние другите кога едноставно не може нормално да функционира.

„Има денови кога сум добра, а има и денови кога толку ме мачи сето ова што не можам да функционирам… но ете не се давам.

Се обидувам да не мислам на здравствениот проблем, одам на контроли на секои три месеци и продолжувам напред“, рекла Розга.

Таа додава дека секој кој ќе почувствува интензивен умор после будењето, и следниве симптоми, да појде на лекар:

Честа поспаност, проблеми со столицата, опаѓање на косата, сува кожа, ненадејно добивање или губење килограми, висок крвен притисок, болка во вратот или грлото – веднаш појдете на лекар.