Илина Арсова, нашата позната алпинистка и уметник веќе речиси 6 месеци живее еден од своите соништа, далеку од дома.
Вели дека и покрај обемните задачи кои ги има на Универзитетот во Тенеси каде што е докторант, нејзиниот номадски живот не се сменил.
За заминувањето на докторските студии, вели дека добила неизмерна поддршка од блиските, а меѓу нив секако и Игор Џамбазов, нејзиниот партнер.
Кога чувствува носталгија за дома, Илина тоа го искажува на нејзин, специфичен начин, на Инстаграм.

А тој е поинаков од Игор кој создаде своја дијагноза, нарекувајќи ја Илинопатија. Илина за Женски магазин раскажа за предноста на студиите во Тенеси, и за патувањата кои ѝ се приоритет.
Ја доловила важноста и интересниот дел од нејзината работа како професор, а откри и за животот во малото студио со позајмен телефон, и за она што прво ќе го направи кога ќе се врати дома.
-Зависно од моето темпо програмата може да трае три до четири години.
Најнапред мислев дека ќе може барем дел од тоа да оди он-лајн и да не морам да бидам физички присутна, но со позицијата како професор со полу работно време, по сè изгледа дека целото време ќе треба да сум овде.
Тоа се само неколку позиции на нашиот оддел и Универзитетот навистина многу вложува во нас.
Сега сме пред самиот крај на првиот семестар што е добар знак ,бидејќи сите велат дека првиот семестар е најтежок.
Инаку јас сум докторант на одделот за Кинезиологија и Спортски Студии, а ме интересираат родови науки во спортот како и социо – културниот аспек на спортот.
Тука некаде успевам да го поврзам спортот со уметноста- моите две досега најмногу изучувани области.
Јас одамна ги завршив студиите кај нас. Имено магистрирав во 2008 и токму затоа ова не беше лесен чекор. Додека студирав бев навистина задоволна и од студиите кај нас, иако не сум сосема во тек како се денес.
Овде забележувам доста разлики во структурата на часовите, следиме многу обуки во однос на методологијата и мерки за заштита на податоци.
Технологијата и како се опремени училниците веројатно е најнапредната разлика меѓу нашиот и овдешниот систем.
Динамиката на часовите исто така е различна, домашните задачи се доста креативни и интересни. Се обидувам да ги запазам истите практики како и во Македонија.
Така што кога не сум на факултет одам да качувам карпи, пливам, пешачам, посетувам изложби и музеи или излегувам со пријатели. Но, имам и доста работа за факултет.
Обемни домашни задачи како и оценување и организирање на часовите што ги предавам.
Сепак, мојот номадски живот кој досега не се променил, веројатно нема ни сега. Така што патувањата ми се сèуште приоритет.
На пример, сè уште немам автомобил, користам позајмен телефон, живеам во навистина мало студио, сепак секое слободно време и заштеда ја користам за патување на место каде што не сум била.
Така во овие четири месеци веќе имам посетено 3-4 природни и национални паркови, и барем 4 нови држави во САД. (Кентаки, Вирџинија, Невада, Каролина, Тенеси).
За Игор можеби ова беше шок, иако тој тоа вешто го крие и секогаш ми дава неизмерна поддршка во моите одлуки.
Дури и за карпите кои верувам не се негови омилени, ќе ми рече: “Те поддршувам, иако никогаш нема да можам сосема да те разберам“, изјавила Илина.
Илина го ппкажа својот стан во Тенеси, во Америка каде што е на докторски студии, и рече дека живее студенстски живот. На ѕидовите може да се види дека имаат фатено доста влага.
Илина по овој повод сними видео во кое раскажа за американските мајстори: Ми се деси ова во стан, и сега чекам мајстори“, рече Илина во ова видео, а потоа додаде:

– И, да ви кажам една тајна- Нема голема разлика од овие мајстори до оние оридските душата што ми ја земаа.
9.20, ќе дојдат“, кажа нашата позната алпинистка и уметник, но и овој проблем, таа го испрати со насмевка и со хумор.
