Сузана Гавазова е една од нашите најпопуларни пејачки и во Македонија и во дијаспората.
Таа на вистински начин знае да донесе македонска народна песна со нејзината интерпретација, но и да испее авторска песна.
Но, затоа им пееше на обожавателите преку ТВ екраните и гостуваше на телевизиски емисии. За популарната македонска фолк пејачка Сузана Гавазова, ниту еден ден не е потрошен без забава и моменти кои ја исполнуваат.
Дека е среќна, исполнета и задоволна жена, Сузе тоа постојано го покажува и докажува преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите.
Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака. Во текот на пандемијата, Гавазова покажа дека има свој начин како да си направи забава и да ги наполни батериите со она кое и го сака душата.
Сузана Гавазова е мајка на две ќерки, Емили и Селена. Таа пред осум години од родната Струмица раскажа дека се сели во Шведска, каде го сретнала човекот на својот живот.
Станува збор за Јасмин Курузовиќ, Босанец кој долги години живеел и работел во Шведска. Тогаш Гавазова изјави дека се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.
-Јасмин е човекот кој го барав цел живот. Се’ се случи бргу, но јас сум среќна – ни изјави таа веднаш по свршувачката.
Набргу ги добија и двете ќерки, Емили и Селена, а потоа решија да се вратат дома, во Македонија.
Јасмин и јас сме доказ дека кога љубовта е во прашање нема граници. Заедно сме седум години премногу ни е убаво заедно не ни забележавме кога поминаа, изјави своевремено Гавазова.
– Сузана секогаш стоеше на ставот дека каменот си тежи на своето место, затоа и веста дека ќе се врати во Македонија не не изненади многу.
Таа имаше ветувачка кариера кога замина во Шведска, освои многу награди на наши фестивали, работеше професионално.
Сега ќе продолжи таму каде што застана – изјави за Фокус нејзиниот соработник, продуцентот Ване Петкоски.
Таа неодамна објави фотографија од неа и од сопругот на која се гледа дека се среќни и насмеани и со неа назначи колку поддршката од сопругот кој ѝ е ветер во грб ѝ е важна. До сликата што ја објави со Јасмин, Сузе напиша: ,,Заедно сме посилни!”
Јасмин пак, својата сила ја покажа во Охрид во една прилика, каде што и покрај се’ уште студената вода (минатата зима), реши да ја отвори сезоната и се искапе во езерото. Тој до сликата напиша: ,,Само за оние со јаки!”
Сузана Гавазова повторно почна да настапува со полна пареа. Нејзиниот Инста профил е полн со слики од настапи насекаде, и со слики од нејзините фанови како се фотографираат со неа.
Јасмин во една прилика сподели слика како Сузе го бакнува, а сликана е во теретана. Всушност тоа е спомен од 2016 година, но парот и денес е исто така вљубен како и тогаш.
Малку тренинг, малку бакнежи, пишува до сликата на Јасмин и Сузе.
Но, во една своја објава, тој ги покажува двете ќерки кои се убави на мајка им, Емили и Селена.
Гавазова не престанува да изненадува со својот изглед. Поубава и поубава од ден за ден, а нејзината топ форма е нешто што многу жени го посакуваат. Во тесен фустан, сукња често знае да стави слика и да покаже како се дотерала пред настапите.
Но, некогаш навистина знае да изненади, а тоа го направи неколку пати кога на своето Инстаграм стори објави фотографија од бикини.
Сузе е и топ домаќинка, па често знае да сподели слика како готви, манџа или слатки, а овој пат тоа се потпечени макарони со сириење. А, после јадење, оси вежбање.
Гавазова многу често се снима кога ќе се дотера пред настап и ги објавува видеата на Инста.
Завчера објави видео од ходник во хотел и ги израдува своите фанови со глетката која им ја приреди.
View this post on Instagram