Naslovna Zivot Цеца ја раскажа вистината за својата мајка и за сестра ѝ Лидија-...

Цеца ја раскажа вистината за својата мајка и за сестра ѝ Лидија- го запостави својот живот поради мојот

Пејачката Цеца Ражнатовиќ е во чекор со познатите светски ѕвезди, таа и нејзините деца го следат нивниот тренд.

Цеца во една прилика ја доби својата мобилна апликација, а свои апликации, покрај неа, сега имаат и нејзините деца, Анастасија и Вељко Ражнатовиќ.

Како што се наведува, автори на апликациите се нивни обожаватели, кои сакале да направат слични апликации што постојат на светската сцена веќе неколку години.

На споменатите апликации, љубителите на членовите на семејството Ражнатовиќ можат да ги дознаат најновите вести од нивните животи.

Исто така, тие можат да разгледаат нови фотографии, како и да играат игри со нивните ликови.

Фановите на Цеца Ражнатовиќ и нејзините деца Вељко и Анастасија беа задоволни од веста за нивните официјални апликации.

Преку нив фановите ќе можат да ги следат најновите соопштенија за нив, но тие негодуваа заради една работа.

Цеца моментално е единствената ѕвезда во Србија која го следела овој светски тренд, а нејзиното семејство сега има своја апликација како светски познатото семејство Кардашијан, со кое се споредуваат.

Корисниците на социјалните медиуми сметаат дека еден член на семејството незаслужено е тргнат од овој „проект“ а тоа е сестра ѝ Лидија.

Цеца Ражнатовиќ ужива во секој момент со нејзиниот внук Жељко, а често нејзината сестра Лидија го чува внукот заедно со неа, а заедно беа и на одмор на Малдивите.

Светлана Цеца Ражнатовиќ за српските медиуми реши да ја отвори вратата од својата вила на Дедиње и да открие детали од својот живот кои до сега јавноста не ги знаела.

Таа зборуваше за своите најблиски, а и оддаде голема почит и благодарност на нејзината сестра Лидија.

„Многу сакав да имам дете, отидов на ИВФ, не чекав да се случи. Имав голема помош и од сестра ми и мајка ми и кога ја добив Анастасија бев како мајка ми на возраст“, ја започнала својата приказна Цеца.

„ Не тренираше како војска, воопшто не спиеше, едвај чекав да прооди, растеше како цвеќе. Научив да го заспивам во раце, и потоа кога ќе заспише конечно малку одмарав.

Тој беше енергично дете, немирно, ако можеше да се качи на лустерот ќе се качеше на лустерот. Ама не беше лош, дека ќе скрши нешто намерно, само беше палав. – рече таа за своето првороденче и и се заблагодари на својата сестра Лидија која цел живот го поминала со неа..

Неа Вељко и Анастасија неизмерно ја сакаат и почитуваат. „Имавме идентичен модел на воспитување, знаете што е дозволено, а што не. Лидија и Вељко се сакаат посебно. Тој е приврзан за сестра ми.

Сестра ми ми го посвети животот, таа го запостави својот живот поради мојот, малку се такви сестри.

Никогаш не сме се разделиле. Можеби во една прилика, неполна година“, изјавила пејачката чија мајка била воспитувачка, па открила колку била строга како мајка.

“Мама беше многу строга со нас двете. Ништо не ни беше дозволено. Кога сите ќе излезат, ние се враќаме.

Не се буневме”, откри Ражнатовиќ, а потоа откри како пораснала.

„Тоа е мало гратче, сите се познаваат, имавме диско, кино, каде што се дружевме. А сега сум клон на мајка ми. Мајка ми, бидејќи има две ќерки, јас сум уште и пофлексибилна со моите деца“, рече Цеца во „Викенд премиера“.

„Ако им даваш добро на луѓето, тоа ќе ти се врати. Ако си злобен, расипувај го, не очекувај да ти се врати доброто“, рекла Цеца, што е нејзината филозофија во животот.