Naslovna Zivot Во ултра кратко фустанче на хумана мисија- оваа наша мисица секогаш изненадува...

Во ултра кратко фустанче на хумана мисија- оваа наша мисица секогаш изненадува (ФОТО)

Емилија Розман е поранешна Мис на Македонија, диполомиран дефектолог и голем хуманитарец.

Таа е една од најпопуларните лица на социјалните мрежи кај нас.

-Да, луѓето секогаш се збунуваат кога некој ќе праша кој е тој и тој,

Јас сум јас. (хахаха) Јас сум сето тоа што го правам во животот, луѓето што ме опкружуваат, моето секојдневие, работите што ги правам, музиката што ја слушам.

Обична девојка која студираше на Институтот за Дефектологија на Филозофскиот Факултет, и паралелно си влезе во една нова авантура Шпански јазик на Филолошки Факултет што малку поспоро иде со оглед на моите ангажмани.

Волонтер сум во Црвен Крст уште од мојата 10та година и тоа е нешто што ме исполнува и ме прави најсреќна на целиот свет.

Работам и како модел што многу луѓе нели тоа го потенцираат и покрај тоа што сметам дека треба акцент да се стави и на други работи но тоа е тоа, и така накратко тоа е Емилија Розман.

Како што кажав волонтер сум уште од својата 10та година и тоа е најдоброто нешто што го имам направено за себе во животот.

Поради тоа што уште од млади години ме изгради како личност ме научи на премногу работи што ги знам во животот, и искуството што го стекнав таму и луѓето кои ги запознав.

Сите обуки на кои присуствував ме научија и изградија да бидам посебна личност во смисол личност која сакам да бидам што во денешно време во нашето општество е помалку тешко да се постигне.

Го поддржувам волонтерството и без разлика дали се работи за волонтирање во хуманитарна организација како Црвениот крст,

убаво е да се волонтира пред се поради дружбата и искуството кое се стекнува,другарствата кои се остваруваат итн“, кажала Емилија во интервју за https://voiceskopje.org

Потоа ја прашале: Твоите почетоци во моделството, кога како започна сето тоа?

„Започна отприлика околу мојата 17та година, реално цел живот бев машкоданка, обожавав да играм фудбал, да играм кошарка, не ги сакам многу многу оние барби работи на некој начин не ми беа така привлечни интересни.

И брат ми често ми кажуваше “Не треба да се каеш за работите што ги имаш направено, но за тие работи кои ги немаш направено”.

Јас на 17 год. со мојот детски мозок размислував што јас немав направено во мојот живот, нели на таа возраст е огромна работа да имаш 17 години (хаха.

И дојдов до заклучок дека може треба да пробам нешто така по женствено да бидам манекенка, и така започнав со курс што реално во нашава држава е смешна работа.

Така влегов во тие води и одеднаш почнаа да ми нудат ревии, каталози, сликања и се друго што тоа мене ми беше забавно на таа возраст поради тоа што нели, сеуште не си насочен што точно сакаш да бидеш, професија и слично, запознавав луѓе бев во тие кругови и беше интересно.

И така сето тоа на некој начин продолжи да си функционира, почнав да заработувам, ми се пружи можност да патувам низ светот што е мојата најголема желба.

Така што, работите си течеа сами по себе иако не очекував дека ќе завршам во тие води.

Затоа што тогаш, најнебулозната работата за себе што можев да ја замислам е дека ќе станам толку женствена и манекенка но, се случи“, изјави Емилија.

Таа сега има своја цвечарница, тоест продавница за подароци. Розман во една прилика објави уште една јака слика, и во нејзиниот опис таа призна дека не е баш некаква домаќинка, и не ја бива за готвење.

Емилија објави слика како лепи фолија на автомобил, во провокативна поза, и со тоа покажа дека ако ен ја бива за готвење. До сликата: таа напиша: Ама, не знам да готвам.

Емилија, која е долги години волонтер во Црвенниот крст како што изјави, објави нејзина слика од моментот како дава kpв, а тоа е крводарителска акција во чест на Тоше. Дарувај kpв, спаси живот.

Со љубов за Тоше. 20-та донација“, напишала Емилија, но она што изненадува е фустанчето кое го облекла а во него изгледа доста атркативно.

Дали е на хумана акција или е облечена за излегување, Емче е секогаш дотерана, и изгледа топ и секогаш изненадува.