Невообичаено за наши услови, но многу етички и благородно, преку ангажман на ТВ екраните да им се помогне на луѓето на кои најмногу им треба помош и подадена рака. Водителката и уредничка Оливера Петрушевска ја доби таа задача на ТВ Алфа
Ја извршува одлично, и со своето “Срце на дланка” на многу настрадани луѓе им ја враќа надежта, им ја ублажува болката.
Незаобиколно беше да поразговараме за нејзиното, според идеја и цел, ремек ТВ дело, стои во едно интервју со Оливера на text.mk, во кое таа има изјавено:
-Менаџментот на Алфа ТВ одамна подготвувал ваков социјален проект. Јас пак, бев во друг филм.
Им испратив пилот емисија со шоубиз тематика во Алфа. Програмскиот уредник и директорот ме виделе и одлучиле дека мојот лик им одговара во нивната замисла.
Седнавме, разговаравме и за половина час одлуката беше “зачинета” со потпис. Се роди “Срце на дланка”. Моето чедо. Мојот проект кој го водам и уредувам, и на кој сум особено горда.
Не е лесен животот, но, некако се преживува. Последниов период, откако се роди “Срце на дланка”, видов нешто што ни во најлош сон не претпоставував дека ќе го видам: куќи без прозорци, луѓе без домови, болни луѓе кои единствена шанса за живот гледаат во нас.
Најмногу ме погодува слика на гла дни деца, дечиња кои до последна капка го цедат јогуртчето, откако ќе ги изедат смоките уште половина час ја тресат кесичката. Луѓе кои во нас гледаат Богови.
Продуцентот на емисијата ги наоѓа семејствата, потоа се вклучувам и јас, им ја проучувам историјата на животот.

Договараме снимање и се раѓа приказната. Веќе емисијата си го фаќа своето место под сонцето, па и сами луѓето се пријавуваат на бројот за информации или на социјалните мрежи на емисијата“.
-Како што кажав и знаете, во моментов ова е единствена емисија од ваков тип. Факт е дека е повеќе од потребно постоењето на ваков тип програма. Јас и после снимањето останувам во контакт со луѓето.
Пресреќни сме што на многумина им го сменивме текот на животот. Се изградија куќи, се собраа пари за лекување, се наполнија трпезите, се облекоа голите, се наполнија куќите. Тоа е наша награда и наша гордост.
Јас, сум пресреќна кога ќе се разбудам и на порака ќе добијам насмевка или убав збор од луѓе на кои сме им помогнале. Сите ќе останат мои пријатели за цел живот“, стои во ова интервју.
Во последните неколку недели, граѓаните беа изреволтирани од Тале од Велес, за кого се испостави дека можеби не е толку сиромашен како што се преставуваше.
Јутјуберот Стефан Лазаров специјално отиде во куќата на Тале во Велес и рече дека лично со него ќе направи интервју.
-Ова утро бев во Велес и успеав да добијам интервју од Тале Витанов. Не прими дома, а дома ја затекнавме и неговата жена.
Вечерва околу 19:00 часот дознавате многу работи, напиша Лазаров на Фејсбук, а во видеото со неговиот камерман и уште неколку луѓе беа заедно во Велес.
Во Велес, во куќата на Тале, Лазаров ја затекна и сопругата на Тале која и самата се огласи.
„Со кое право вие барате пари со измама од луѓето? Зошто ги користите децата како жив ѕид? Гледаме дека твојата сопруга е сепак тука.
Дали сметаш дека оваа ситуација е измама, како прво си здрав и прав. Фала му на Господ и никогаш да не осетиш мака на тоа поле. Дали тоа значи дека ти можеш да работиш и да заработуваш пари?
Дали со својата жена ти живееш моментално заедно и дали си живеел во октомври?“ – го праша Лазаров, на што Тале ја започна својата приказна:
-Моментално да, во октомври не. Од септември, па до крајот на декември, горе-доле, не беше мојата сопруга тука. Ги посетуваше децата одвреме, навреме, на два до три дена“, кажа Тале.
По се оба што се случи минатите неколку дена, кога во јавноста се појавија информации дека се собирале донации за човек кој можеби манипулирал, се офласија од проектот „Срце на дланка“, кои исто така беа прозивани:
„Почитувани, Овие неколку дена не реагиравме на провокациите кои беа упатени кон емисијата и последниот случај кој беше емитуван. Нашиот став позади кој стоиме и ќе продолжиме на ист начин со хуманоста во проектот “Срце на Дланка”.
Ние веруваме во сечие право да се добие прилика и да се учи од грешките, а тоа полесно се прави кога човек во мака ќе ја почувствува љубовта и грижата на други луѓе, за него непознати, но сите до еден, со еден заеднички именител: благосостојба и хуманост.
Сите наши дарители се луѓе кои сочувствуваат со оние кои дошле во ситуација јавно да замолат за хуманост и помош, бидејќи знаат дека и тие се луѓе, и тие заслужуваат подобар живот од оној кој го имаат моментално.
„Кој не погрешил никогаш, нека го фрли првиот камен“ е животна филозофија од добрите книги по која се водиме секојдневно“, стои во обраќањето.
Оливера гостувала во емисијата Добро утро секое утро, која ја води Искра Канзурова и таму на Искра ѝ кажала се! Оливера на Фејсбук објавила слики од ова гостување во студио со Искра, и притоа напишала:
– Ако само на еден час дневно се обидеме да не помислиме лоша мисла ќе се чувствуваме многу подобро. Секој ден да ја зголемуваме саатницата во која никого нема да навредиме, а за сметка на тоа дa помогнеме без да прашаме зошто ти треба помош!?
Замислете да стигнеме до саатницата 24/7 да имаме добри мисли и емпатија кон секого. Ние стануваме нов, подобар човек. А, повеќе такви луѓе прават и подобро општество.
Да почнеме со промената уште денес!“, стпи во објавата на Оливера, а темата на разговор на Алфа Тв била: Дали имаме право да осудуваме кога помагаме.