На сите им е познато дека нашата поранешна пејачка Ноне Неделковска работи на брод, а вели дека работата на брод има малку поразлично темпо на живот, а секој ден ѝ започнува во некој друг град, и со тоа доаѓаат и различни обврски.
Ме мотивираат многу работи, но еве ќе одвојам една од нив. Ме мотивираат препреките во животот. Дневните планови и обврски ми се да ја организирам работата на моето работно место.
Најпрво почнувам со потешките задачи и останатите приоритети во текот на денот.
Сега имам поголема одговорност како менаџер, не е лесно различни националности и култури да усогласиш да работат со иста енергија, разбирање и почит.
Денот ми завршува исто како што ми почнува, се трудам да ја намалам динамичноста кон крајот на денот и да ја поминам вечерта во мирна и тивка атмосфера. Филмовите на Марвел и ДС ми се фаворит за опуштање“, рекла Ноне.
На една од фотографиите ја покажа и нејзината мајка, на која многу наликува.
Иако има 36 години, Ноне навистина изгледа како девојче, иако многу од фановите на социјалните мрежи ѝ велат дека ѝ е време за бебе и дека ќе биде најубава мајка.
– Три часа возење низ пустина во Сахара, незаборавно искуство. Куба е приказна за себе.
Пливање со делфини во Мексико, пливање со ражи на Кајманските острови, карневал во Ла Палма, рајските плажи на Јамајка, египетските пирамиди“.
Вака Ноне за Црно-бело пренесува дел од своите искуства на патувањата низ светот, но и ги открива негативните страни на работата на брод.
Март 2012 започна мојот предизвик да работам далеку од дома на подолг период. Ме примија како советник за убавина во duty free shop, а по неколку години бев унапредена во менаџер.
Можеби е чудно за некој што работи на брод да каже дека има морска болест, ама секој пат и на мало невреме кога имаме лулање на бродот јас сум на таблети. Е тогаш си викам доста е овој живот.
Сите оние што добиле шанса да работат на брод, па морале да заминат и да остават дома сакани 100% им е тешко. Треба да имаш голема доверба и јаки нерви.
Разни работи се изнагледав за овие години, можам да напишам една книга за љубовта на брод.
-Никогаш нема да го заборавам чувството кога пристигнав таму. Бев збунета и возбудена, еден тон емоции кога застанав пред бродот.
Сакав промени, затоа се одлучив да заминам. Пет години бев на македонската естрада. Еден ден си реков- и што по ова!? Зарем ова треба да правам во наредните неколку години!?
Стани, среди се, оди по емисии одговарај на некогаш глупави прашања.
Слушај и читај з ли коментари, моли се за викенд да имаш букирано некој настап.
Ми требаа нови предизвици и за кратко време од помислата дека треба да сменам нешто, се најдов на брод“, изјави Ноне за Женски Магазин.
За овие 10 години, таа посетила многу земји, и вели дека имала незаборавни искуства.
„Секое место е со свој шмек а јас со моето мото „Work hard Play hard’, слободното време го користев максимално да прошетам и да видам и научам што повеќе за местото каде што бев.
Ноне Неделковска, пред неколку месеци беше во Македонија долго време, на одмор. Публиката на „Пиволенд“ на Плоштадот Македонија сношти со аплауз ја поздравила, додека седела на едно од ВИП местата со пријатели.
Водителот на настанот Димитар Атанасовски меѓу првите ја забележа и ја поздрави пред публиката, а објави Женски Магазин.
„Ноне се вратила во Македонија, да ја поздравиме со еден голем аплауз. Мафтај како англиската кралица“, рекол Димитар на шега потоа.
-Ме изненади кога Димитар ме поздрави. Ќе пропаднев во земја, непријатно ми беше. Не знам, често се чудам и јас како ме паметат луѓето. Немам планови да ѝ се вратам на музиката засега.
Дојдов дома, во Велес, да одморам, и за еден месец се враќам на брод. Ќе одиме на Карибите“, изјавила Ноне.
Ноне моментално е во Куба и постојано објавува слики каде шета и што прави. Но, секако најголемо внимание одземаат сликите на Ноне кога ќе облече купаќи.
Ноне објави токму таква слика и во описот им порача на обожавателите да уживаат во секој момент.
Ноне баш тоа го практикува додека го шета цел свет. Издвојува време и да одмори и да поужива во секој момент.
Сепак, сликата која што ја објави е доста провокативна затоа што Ноне ептен ги истакнала предните атрибути и само таа може вака ризично да облече толку тесен костим за капење.
