Нашата музичка ѕвезда Кароолина Гочева што се однесува до нејзината приватност не е многу отворена за јавноста, но во една пеилика, во интервју за Хибрид.мк таа има изјавено:
-Постојано учиме лекции за животот, речиси секојдневно. Некогаш се разочаруваме, некогаш пријатно се изненадуваме, за жал, почеста е првава ситуација.
Единствено нешто кое секогаш ми се повторува е дека никогаш, ништо не е онака како што од надвор изгледа.
Не постои комплетна среќа. Дури и да помислиш на моменти дека така се чувствуваш, веднаш доаѓа нешто непланирано да те разувери“, рече Каролина и во истото интервју додаде:
Омиленото место за живеење е кај што ти се луѓето што ги сакаш. Мене сите ми се овде, во Битола и Скопје и што ако одам да живеам на некоја светска дестинација ако овде ги оставам семејството и пријателите.
Доволно ми е вака да патувам и да се вратам дома кај што некој ме чека“, изјавила Каролина. Во едно интервју за Фешнек, кое е поврзано со модата, таа за себе изјавила:
-Нормално дека и јас кога ќе видам некоја своја фотографија од пред неколку години, ми се случува да посакам да ја запалам(се смее), но секој прави грешки, тоа е потполно природна работа.
Секогаш сум облекувала парчиња во кои се чувствувам добро и никогаш не сум сакала слепо да следам модни трендови.
Не би знаела да кажам, можеби вие подобро би знаеле да издвоите што ми е заштитен знак, бидејќи јас мислам дека не сум се врзала за ниедно парче гардероба или аксесоар.
Ок, во последно време сакам да носам шешири, па изминативе пар месеци купив осум различни бои и модели“,кажала Каролина во една прилика, а потоа ја прашале дали ја следи модата:
-Ја следам колку што имам време, јас навистина не сум моден зависник. Секако, поради природата на мојата професија поседувам и дизајнерски парчиња, особено чевли.
Но, иако приватно не ги носам често, туку главно на сцена и за разни фотосесии, ми претставува задоволство да знам дека си ги имам по дома, а знаеме дека секое задоволство чини доста.
-Не сум многу послушна кога се совети од други во прашање, подобра сум кога давам совети. Но, еден од ретките совети кои сум ги послушала и настојувам да ги применам е секогаш да си ја следам интуицијата.
Искрено, што поради природата на мојата професија, што поради поднебјето каде живееме, толку многу глупости сум се изнаслушала, така што веќе воопшто и не ги регистрирам, ниту ги памтам, а искрено повеќе не ме ни вознемируваат“, кажала Каролина во едно интервју за Фемина.
Потоа ја прашале: Со што се почести од првата плата? Таа на ова одговорила:
„Не се сеќавам, беше одамна, некаде во тинејџерските години ги заработив првите пари, така да веројатно сум си купила нешто за облекување.“
Каролина Гочева била во Белград на доделувањето на награди кое се вика MAC и настапувала во Арената со танчери и според сторињата што ги објави сето тоа изглдло топ.
Каролина била облечена во кратко фустанче, и била доста разиграна. Но, на уште една друга слика која ја објавила од истиот настан, таа одлично изгледа, во долг црн фустан во шлиц.
Каролина е многу весела и насмеана во друштво на нејзиниот колега од Хрватска, а тоа е Петар Грашо, а овој познат пејач исто така учествувал во шоу прогармата која се одржала во арената во Белград.