Во едно издание на утринската контактна емисија “Македонија денес”, која се емитува во живо на националната и сателитска Телевизија 24 и чии водител е шармантната и секогаш насмеана и позитивна Слободанка Илиевска, гостин беше познатиот македонски фолк пејач Мишко Крстевски.
Тој во опуштена и весела адмосфера, со тазе подготвено утринско кафе разговараше за кариерата и се она што досега го има доживеано на македонската музичка сцена, и секако, се она што го планира и би требало да го реализира во текот на идниот период.
За време на емисијата, Мишко заедно со звуците на својата гитара го крена расположението во студиото, а веруваме и на гледачите пред малите екрани.
Отпеа неколку познати хитови на кои само се потсетивме дека се уште постојат и дека истите и ден денес се пејат.
Интересно е тоа што во текот на разговорот, фолк пејачот откри еден интересен податок за кои веруваме многумина од Вас и не го знаел, а го објави Музика 24 во една прилика.
“Јас сум кумот на името на групата “Нели ти реков”. Јас бев член во групата “Нели ти реков” и ние затоа што одевме на серенади, а пеевме секогаш: Нели ти реков моме Донке, и таа песна ни беше како химна по серенадите, бидејќи е двоглас, убаво се пее, дурска песна…
И кога требаше да се појавиме на Фолк Фест “Валандово” во 1992 година, претходно се викавме “Калипсо”, групата беше формирана од “Бош” од Неготино и “Токму така” од Кавадарци направивме една фузија, спој.
И тогаш за да се појавиме на фолк фестивалот името калипсо немаше никаква поврзаност со народната македонска музика, и тогаш сите заедно одлучивме да се викаме “Нели ти реков”, кога може “Леб и сол” да биде, зошто не и “Нели ти реков”, изјави фолк пејачот Мишко Крстевски.
Цела Македонија и цела дијаспора, нема кој не уживал во песната на Мишко Крстевски, кој со својот глас и со својата гитара ги допира сите срца, особено женските.
-Благодарам на констатацијата дека сум омилен, но прашањето треба да и го поставите на женскиот дел од публиката“, рече тој во едно интервју.
Летото во 2023 година, Мишко Крстевски стана дедо. Од помалиот син и снаа ја доби внуката Мишела. Среќната вест за раѓањето на внуката Мишко ја сподели на социјалните мрежи:
-Денес станав дедо, а мојата љубов Сунчица стана баба. Добивме внука од синот и снаата. Фамилијата ни се зголеми и еве песна за добредојде на Мишела.
На сите ви посакувам да доживеете ваква среќа, напиша тој и во чест на внуката ја запеа „Мишел“ од „Битлси“, музиката со која растел. Тој за mms.mk изјави:
-Ова ми е внука од помалиот син а и постариот кај и да е ќе се среди. Му благодарам на Бога се е во ред. Здрави се и добри и бебето и мајката. А за тоа дали ќе биде пејачка, ништо чудно.
Мајка и е пее во “Про Арс” на Татарчевски и е со музичка академија, син ми е компзитор, сите пееме во семејството“, рече среќниот дедо.
За истиот медиум, тој рече дека му е многу мило што внуката го носи неговото име, дека ѝ пее и се топи од среќа кога ја држи во раце, и тој и неговата сопруга.
Фолк пејачот пролетта минатата година по втор пат стана дедо, ја доби втората внука Илијана од помалиот син.
Но, не само тоа. Среќата во семејството Крстевски ја надополни и свадбата на неговиот постар син.
Сега, како што вели Мишко, со сопругата се среќни што децата им се веќе свои луѓе, што се тргнати по својот пат. Па, како и секои родители и тие се горди на своите наследници.
Пресреќни сме. А како и не. Свадби и проширавње на семејството секогаш е радост. Иако не не изненадија, тие се заедно неколку години и време беше да ја озаконат љубовта. Беа регистрирани, сега само свадбата.
Синовите се веќе свои луѓе, си ги прават свадбите сами, по нивни замисли. Ние сме тука ако треба да се помогне. И кај двата сина свадбите поминаа како треба. Веќе работат, свои луѓе се и не се плашиме со Сунчица, излезени се на патот, кажал Мишко за ММС.
Во една прилика, во емисијата „Магазин“, тој раскажа како ја запознал својата сопруга.
„Во тоа време свиревме игранки, во Неготино, во ресторан, свириме игранки, 83-84, обично беше тоа за зимскиот распуст.
Одеа сите на гости, кај тетка, кај баба. Горе – доле ги знаеме луѓето што идат, но некои што идеа на гости не ги познававме. Јас гледам некое девојче стои со друштво и тогаш ми фати око.
И кога правевме пауза ние музичарите, му викам на диџејот: Пушти ја Jenny од Falco, и танго се играше тогаш.
И одам јас да ја поканам женскава на танго, и така заигравме танго и се запознавме. Таа имаше 16 години, јас 22. И до ден-денеска сме заедно“, рече Мишко.