Naslovna Zivot Емотивна приказна на Кристина: Дури стигнавме до болница, едвај стигнав до соба,...

Емотивна приказна на Кристина: Дури стигнавме до болница, едвај стигнав до соба, ама нема слободна сала…

Кристина Арнаудова веќе подолго време работеше на проектот „Проект куќа со Кристина“ во кј на социјално заг-роените семејства од корен, со нејзиниот тим им ги ренорвира домовите, а тоа одеше во вид на емисија на ТВ Телма.

Таа во едно интервју за stepbystep.org.mk, сборуваше каква била таа како дете: Се сеќавам дека многу сакав да читам книги.

Доста рано научив да читам и пишувам и обожавав да ми читаат и да читам. Сакав да рецитирам и да докажам дека можам да ја научам најдолгата стихотворба без грешка.

Омилена ми беше учителката по македонски јазик, се викаше Блага, а подоцна и мојата класна раководителка Марија.

И двете ме заштитуваа и сакам да верувам дека ја оправдуваа мојата немирна енергија и темперамент кој од кога паметам се бореше против конформизмот.

Уште пред да имам деца, мечтаев како многу ќе им читам и ќе им раскажувам. Тоа го правиме скоро секој ден.

Максим обожава да му читам и раскажувам, а тоа го прави и мојата мајка, неговата баба.

Се надевам дека и Матео ќе стане љубител на книги и приказни.

Децата треба да учат низ игра. Сакам да учат низ песна и низ детска игра, и тоа го правам тогаш кога Максим сака, не сакам на сила, бидејки тоа е загарантиран начин да се создаде отпор.

Се водам според моите искуства и спомени, како сум сакала јас да учам, а како не сум сакала.

Не смееме да заборавиме дека тоа се деца а не возрасни луѓе, и не смееме да им го скратуваме детството“, рече Кристина.

На нејзиниот Инста профил, Кристина Арнаудова денеска раскажа една доста емотивна и лична приказна, но и објави своја слика од болница, а приказната оди вака:

– 26 јануари, 2016, легнав да спијам. Имав закажано царски рез на 27 утрото.

Ама нешто почна интензивно да се движи. Станав, се прошетав, викам ќе помине.

Пак легнав. Пак нешто чудно почна да се дешава.

Контр акции. Ок,си викам, од контра кција до породување има време. Смирено станав, му соопштив на маж ми дека изгледа решил дечкото да излезе.

И се јавив на Бица, другарка ми, која живееше до мене у другата зграда, да дојде да го чува Максим, за да заминеме во болница.

У меѓувреме почна многу често да се јавуваат конт ракции…си викам, имам време ок е, не е можно толку брзо се да се деси. Смирена си влегов да се туширам… оп и вод ењакот пукна.

Докторката на телефон, вика јас тргнувам и ти брзај. Си викам , шо паничи женава….Ок е ќе стигнеме… се облеков, Бица стигна, влегов у лифт и тука сфатив дека веќе не можам да одам од болка.

Седнав у кола, си земав некоја шминка, ставив сјајче на устата, и малку руж, оти срамота да ме види таква прв пат син ми нели. У меѓувреме почна детево да се бори јако.

Дури стигнавме до болница, едвај стигнав до соба. Ама нема слободна сала, а женава готова е, вика сестрата. Тука више не ми беше до шминкање, само врискав. На секоја минута.

Не знаев дека така болело. Сестрата вика кога брзо се отвараш многу боли. Викам знам, сфатив. Пред мене стои маж ми, и пробува да е хумористичен како секогаш, ми вика диши, вака (покажува како), како во филмовите!

А јас му се дерам море мрш, ти ќе ми кажеш. Па и ме слика. Уште нема слободна сала. Докторите уште се на пат да стигнат. Детево само шо не излегло. Се тоа за 40 минути. Стигнуваат докторите.

Едвај стигнуваме до празна сала. Јас на секој два чекори застанувам пошто на секои 30 секунди конт ракции.

Се собираат докторите. Маж ми малку пребледен ме испраќа, му викам смири се, се ќе биде добро (нормално дека јас него го смирувам, којзнае колку му било тешко на човекот).

Матео се роди во 03,40 на 26 јануари, така си реши. Докторите закон, др.Елена Петрова, што ме породи со двете деца, без неа не сакав да се породам. Ја поздравувам!

И ете 7 години од се ова, од оваа слика, Матео полни 7 години! Најмилото бебе, сестрите велеа и најмирното… Среќен 7 Матео! Те сакаме! Љубов си“, напишала Кристина за роденденот на синот.