Naslovna Zivot Елена од „Сител“ се отвори за бракот со Огнен – Мојот маж...

Елена од „Сител“ се отвори за бракот со Огнен – Мојот маж не може да ми го земе некоја

Елена Стојановска Јанковска е и сопруга и мајка на девојче, која во слободно време сака да чита книги, да гледа филмови, серии, да се дружи со луѓе што ѝ се мили, да патува…, сето тоа збогатено со вкусни јадења, зошто да не.

Нејзината шармантност е забележлива дури и во одговорите на прашањата од симултанката чија тематика ви е добропозната, која во голема мера доаѓа и од искреноста.

Елена и уредничка и водителката на утринската програма на телевизија Сител – Ја сакам Македонија, а инаку е магистер по човечки ресурси, дипломиран книжевник на Катедрата за општа и компаративна книжевност“, објави Машки магазин во интервјуто со Елена.

Кога Елена ја прашале: кои работи (се разбира, во смисла на квалитети) ги барате во мажите, одосно кај нив? Можеби самодоверба, заштитнички однос, таа одговорила: Искрено, јас сакам да биде добар човек. Сакам и стабилност во односот со партнерот.

нашата убава водителка добила уште едно интересно прашање: За кој маж оттука, Македонец, можете да кажете дека е вистински, прав господин човек, џентлмен? И, се разбира, зошто?

-Ваква титула никако не би можела да дадам на маж кој го знам од медиуми или површно го познавам. На тој начин би судела баш само поради физичкиот изглед или нешто што сум слушнала за него.

Затоа, оваа титула ќе му ја дадам на сопругот, со сите негови добри особини и маани“; одговорила Елена Стојановска Јанковска- Јанковска чиј маж инакиу се вика Огнен, а ќерката Илина.

Многу сум среќна дека сум мајка во нашето мало семејство. Има работи кои не ги правам јас во домот, а има и работи за кои не одлучувам јас. Некои нешта пак ги правам само јас, се надополнуваме и си помагаме.

Нема идеално семејство, идеален брак, сакам да уживам уште долго во нашата несовршена заедница“, рекла оваа убавица што секој ден ја гледаме на Тв Сител, а потоа додала:

-Не сакам некој да ме лаже, не сакам да се однесува грубо и да се изразува недолично. Ме привлекува ненаметлив човек кој го задржува вниманието на себе затоа што е свој.

Не сакам некој што може да биде сечиј. Искрено, јас сакам да биде добар човек. Сакам и стабилност во односот со партнерот“, одговорила во Машки магазин Елена ама и се отворил за нејзиниот брак.

-Па, за да биде и господин и моќен маж, па и кавалер, мора да има стекнато и други работи, а тоа значи добро воспитување, хуманост, манири, храброст, амбициозност, сигурност во себе.

Сите овие работи потоа го прават човекот, поточно мажот. Лично никогаш не сум се врзала со некој стереотип, дека мојот избраник мора да има некој посебен статус.

Не, мислам дека ми е многу поважно како се однесува со мене и како ме сака“, рекла водителката и потоа кога ја прашале која е тајната на успешниот брак, Елена одговорила, ама спомнала и дали некоја жена може да ѝ го земе мажот:

-Според мене, врската е успешна доколку во неа има и љубов и слобода. Сакам кога партнерот ми ја дава слободата да бидам тоа што сум. Искрено, не мислам дека мојот маж може да ми го земе некоја.

Мажите, па дури и жените се даваат сами, и тоа само за љубов“, кажала Елена во интервјуото за Машки магазин.