Naslovna Zivot Драган Вучиќ многу им помогнал, им го сменил животот на дуото Маротови,...

Драган Вучиќ многу им помогнал, им го сменил животот на дуото Маротови, Баже ја раскажа целата приказна

Нашиот познат музичар кој свири бас Баже Маротов во една прилика на ТВ Сител раскажа дека прави циклус на обработка на македонски песни во кои доминира неговиот инструмет, бас гитарата и им дал уметничко име „Класика М“.

Тој раскажа дека со неговото семејство кое е дел од неговиот бенд, вежбале во двор за време на пандемијата.

Раскажа и дека имаат група која се вика „Дворџии“, и така се договарале за терминот кога ќе вежбаат со членовите на семејството.

-Јуле е секогаш присутна на секој начин, и при градењето на песните при компонирање, посебно во песните каде што сум и текстопишувач, па и кај видео спотовите, има многу остро око што по некогаш ми пречи кога ми прави корекции..

Но, подоцна сваќам дека сепак е во право, така што ми помага, а за позирањето сѐ е тоа на мое инсистирање (посебно во спотот за песната “Ти си таа што ми треба”)

кога ја убедив да ми позира и ветив дека таа ќе биде доста скриена дури непрепознатлива, ама некои пријатели и новинари брзо ја препознаа.

Со маестро Трпчески бевме еден подолг период соседи, па и фамилијарно комуницираме, но и на заедничките учества на семинарите и концертите на Бојан и Симон кај професир Борис Романов.

Така се роди и таа соработка со Симче, тој како млад автор на музика и неговиот брат Јован, како автор на текстови.

Останатиот дел јас го финализирав, и направивме 2-3 успешни композиции.

А со другиот маестро Завков, тоа е долгогодишна “стори”, уште од прва година во музичко почнавме да музицираме заедно па до денес.

Никогаш не е исклучена соработка со мои ценети и драги колеги, кога ќе проработи идејата и поривот за музицирање“, кажа Баже во едно интервју за Кул арт.

Потоа рече дека создал песна на хрватски јазик, требал да патува во Сплит, но му се одложило тоа патување.

Маротов во гостување на ТВ Сител, во живо ја испеа песната која многу наликува на стилот на Оливер Драгојевиќ.

Потоа зборуваше за пријателствата и за тоа дали во ова време останале вистинските.

„Сега повеќе се дружиме на социјалните мрежи, и еве ги поздравувам сите мои Фејсбук пријатели.

Порано не бев активен на социјалните мрежи, а сега секојдневно комуницирам со пријатели“, рече Маротов.

Исто така, тој зборуваше за своето семејство. „Ние сме сега една биг фемили, сите заедно, а секој на свој простор.

Синот Бојан има синче поголемо, сега има ќеркичка Луна, ја поздравуваме Луна, и Бојан и Лена, Гоце синот исто има син, Лео.

Јас и Бојан имаме пасија за автомобилизам, а Гоце отиде на фитнес, малку и во инфлуенсерство влезе, вежба го направи своето тело убаво“, рече Маротов за синот.

Тој и неговата сопруга Јуле се заедно долги години, и настапуваат заедно долги години.

Она што ги одржува долги години заедно се љубовта, разбирањето, но и романтиката.

Маротови, кои имаат заеднички профил на Фејсбук, објавија слики од зајдисонце на море, и секоја чест што и во зрелите години, тие го одржуваат својот брак на овој начин.

Потоа тој зборуваше за неговото учество во шоуто „Никад није касно“, каде што се пријави заедно со неговата сопруга Јуле.

„Тоа се случи незнаејќи, на почетокот. Јас бев четврта емисија, Јуле беше трета.

Кај нас се јави нашииот добар, ценет пријател, упокоениот Драган Вучиќ, него му се јавиле таму од продукција и го прашале:

Имаш ли некои луѓе од таму што би можеле да се пријават?

Ми се јави на кратко и ми рече: Одете таму, отпејте, напрајте шоу.

Кога ни се јавија луѓето не знаевме дека тоа е од натпреварувачки карактер, дека ќе има елиминации.

Ние прифативме да патуваме за Белград, мислевме дека еден настап ќе биде. Така што тоа беше нејаснотијата околу тоа.

Потоа, и самиот серијал се градеше. Јас сум во музиката многу години, и на овие и на југословенските простори.

Кај нас луѓето и се информирани, и не се информирани.

И мора и не мора да бидат информирани. А тоа што прашавте дали има ефект.

Јас имам многу работи направено во животот за кое луѓето знаат или не знаат, ме знаеле од ова или од она.

А кога отидовме на тоа шоу, малку нашиот синдром е и таков: Аха, во Белград, аха во Загреб.

И тогаш се јавуваа луѓе како да првпат не виделе во животот.

Мене не ми пречи тоа воопштво, океј е, убаво е луѓе да ве познаваат, да имаш пријатели на тој начин, на секој начин“, објасни Маротов.