Naslovna Zivot Татјана Лазаревска во неверојатно издание, се облече како старосватиците, изгледа како девојче...

Татјана Лазаревска во неверојатно издание, се облече како старосватиците, изгледа како девојче (ФОТО)

Татјана Лазаревска изгледа одлично, а на тоа се должи нејзииот брз живот изгледа.

Нашата пејачка која со сопругот Новица и синовите Петар и Стефан живее во Австралија, неодамна изјави:

-За мојата линија најзаслужна е мајка природа.

Потоа, секојдневната домашна гимнастика (чистење дома) и периодична посета на теретана, тоа е сега за сегa“, рече таа.

-Новица и јас често зборувавме како сакаме да живееме надвор од границите на нашата држава, за да ја збогатиме нашата биографија“, рече Татјана во интервју за „а svet-australia.com.“

Само да се потсетиме дека со оваа работа, мислам на музиката се занимавам веќе 25 години.

Инаки, по образование сум професор за предучилишно образование, па така и овде во Австралија продолжив со образованието во таа област.

И еве сега работам како учителка во градинка и ми е интересно да работам со деца.

Секој ден со ново искуство и така заборавам на сѐ што се случува во светот“, рече Тања во истото интервју.

Но и тие, колку што можностите дозволуваат доаѓаат дома во татковината кај наблиските.

Татјана Лазаревска
Татјана Лазаревска

„Вистинска причина за тоа беше што во Мелбурн имаме повеќе пријатели кои ни помогнаа околу адаптацијата, а климата овде е слична на нашата во Македонија.

Поточно, на нас не ни е важно каде сме туку со кој сме.

Мојата мајка е жена со големо срце и љубов за сите. Нејзините посети ни го разубавуваат секојдневниот живот.

Најсреќни сме кога сме заедно“, рече Татјана а потоа зборуваше за својата нова куќа.

-Куќата е прекрасна, веднаш почувствуваме позитивна енергија кога ја баравме и затоа ја купивме.

Секако дека чувството е прекрасно, живеењето во своја куќа уште повеќе го зголемува чувството на припадност на ова друштво“, изјави Лазаревска.

Татјана пред некое време објави видео како ужива во лукзузна хотелска соба, во Голд Коуст во Австралија.

Прво ја прикажа својата хотелска соба, а потоа го покажа погледот на кои многумина би завиделе.

Татјана всушност ја шета Австралија за да пее на забавите на нашинците, но овие патувања го користи и за да ужива во убавините и луксузот на оваа земја.

Татјана Лазаревска
Татјана Лазаревска

Таа објави и слики од својот балкон на хотелска соба, раскомотена во сино кратко фустанче и во апостолки, и напиша:

Чао Голд Коуст, одам за Сиднеј, а во Сиднеј пак објави видео како пее на роденденска забава.

-Мојата музичка лична карта е песната „Аце, Аце“.

Од кога сум во Австралија снимив неколку песни, но ниту една не го повтори успехот на оваа песна.

Планирам да снимам уште песни, а дали некоја ќе стане хит оставам на публиката да пресуди“, рече Татјана за својот најголем хит, а потоа зборуваше и за својот Новица.

-Коалицијата Лазаревска – Василевски одлично функционира веќе 17 години.

Кога има разбирање, поддршка и љубов, тогаш тоа е осудено на љубов“, искоментира таа.

Македонците прават свадби и веселби во Австралија, па работата на познатите фолк-пејачи им оди супер, а Татјана често објавува „лајв“ видеа како настапува.

Нејзиниот драг Новица, во 2021 година прослави јубилеен 50 роденден, и по тој повод Татјана му направи гала журка со сите салтанати.

Балони, торта, шампањско и сите нивни блиски пријатели наоколу.

Вака изгледала оваа забава според сликите и видеата што ги објави Татјана. Меѓу гостите била и Маријана Новачевска.

Како подарок за својот сопруг, Татјана испеа дует со него, а тоа е песна од Лепа Брена, која таа своевремено му ја посвети на својот син.

Стиховите на оваа песна велат: Ја немам други дом, осим дома у срцу твом, осим тебе никога, на свету немам ја“.

Во видеото, Новица и Татјана играат танго и ја пеат оваа песна.

Татајана објави едно видео од Новица, кое е всушност постаро, а на него тој пее во емисијата „Зајди зајди“ на Тв Алфа, и си го пофали својот маж на еден оригинален начин:

-Не дека е мој Новица Василевски, ама најдобар е“, напиша Татјана и доби многу лајкови и пофалби за пеењето на Новица.

Татјана пред неколку денови пеела на некоја свадба во Австралија.

Нашата пејачка се облече во бел, долг фустан, многу сличен како што носеше невестата.

Но, не беше само Татјана така облечена, туку најверојатно по желба на невестата, сите деверуши се облекле во ист стил.

Но, она што е интересно е тоа што Татјана кога се сликнала со невестата и останатите деверуши.

Неверојатно добро се вклопила во нивното друштво.

Да не ја знаевме, ќе помислевме можеби дека таа е невестата, бидејќи Татјана навистина изгледа на девојче и не старее.

Татјана Лазаревска
Татјана Лазаревска