Тијана Дапчевиќ, познатата виолончелистка, пејачка но и актерка, позната по улогата на Ула во Преспав неодамна призна дека одамна не живее од пеење, туку од глума, но откри и дека има своја плантажа со ореви.
Се собираат ореви, во главно.. Првата берба и собирањето ќе бидат следната година“, изјави Тијана за својата плантажа во Шо к ток задоволна што започнала нешто во животот што и причинува задоволство.
Тијана беше гостинка во емисијата Еден на еден која ја води Жаре во една прилика, и таму раскажа многу нешта, а дел од нив се за тоа како поминало снимањето на „Преспав“.
Тијана рече дека било тешко да се снима во услови на пандемија, но и раскажа случка врзана за Талат- Дритон.
-Многу беше мачно, најмачно беше тоа што не се дружевме. Ние веќе се познаваме као огромна фамилија, а овој пат имавме договор да се движиме само дома и на снимање.
Секогаш кога снимаме, снимаме по 35-40 дена. Но, ние никогаш не сме си повисиле тон еден на друг, функционирме одлично.
Освен помеѓу брачниот пар Ула и Коста. Јас и Игор се однесуваме навистина како брачен пар, тој кога ќе ждригне јас му викам: Свињо една“, рече Тијана и раскажа како Јелена Јованова ја научила како да стане тата-мата за учење на улогата.
„Јелена ни вика дека јас и Игор сме како вистински брачен пар. Инаку, таа и васил најмногу ми помогнаа“, рече Тијана и раскажа интересна случка.
-Еднаш завршивме порано со снимање и му викам на Дритон (Талат), ајде да се враќаме пешки од телевизија дома, место да не возат. Наидовме на една кафана, внатре празно, жив човек нема.
Му викам, ај да влеземе на кратко, една ракија, едно мее, малце да се опуштиме. А не смеевме, според договорот само дома и снимање. Ама во кафаната баш немаше жив човек, за што си направив и снимка.
Ни се јавува Васил: Кај сте? Му кажавме, а потоа дојде и тој. Поседовме еден саат. Утредента разбрале од продукцијата дека сме го прекршиле договорот, и среќа не бевме казнети, само опоменати“, рече Тијана.
Тијана се налути и објави едно искрено обраќање на стори на својот Инстаграм профил. Во ова видео обраќање, Македонката која живее во Белград рече:
– Забележав дека има неопислива потреба во инбокс и на самата фотографија, на самиот пост на ѕидот, имате потреба да ми напишете: Тијана, среди ги тие долни заби.
Е, сега вака. Тие мои долни заби, се мој заштитен знак. Значи, тие мои нерамни, неправилни долни заби се мој заштитен знак. Е сега, проблемот е во тоа што на мене ми се созадава каменец, многу често.
И што тоа, кога малку ќе се создаде каменец, изгледа како да јас долу немам заби. Изгледа како тоа да е страшно. Но, јас ја сакам таа моја неправилност. Тоа го имаме само Питер Габриел и јас.
И пуштете ме да бидам неправилна. Не можат сите да ги имаат оние бели заби, керамика- Младеновац. Жал ми е, јас ги сакам своите неправилни заби“, рече Тијана. На крај, таа ги покажа своите заби и на овој пост им порача на сите: Оставете ме на мира!