Naslovna Zivot Сестрата на Тоше, не престана да го прави ова нешто за него,...

Сестрата на Тоше, не престана да го прави ова нешто за него, и 15 години откако го нема- емотивна приказна на Дора

На 25 јануари (денес), Тоше Проески ќе наполнеше 42 години. Откако на 16 октомври во 2007 година, засекогаш го напишти овој свет во сообраќајна нес реќа, обожавателите на нашата музичка легенда рекоа: Тоше има само ден на раѓање.

Од 12 часот, во Спомен куќата „Тодор Проески“ во неговото родно Крушево, ќе се одржи концерт во чест на Тоше, на кој ќе пеат Андријана Јаневска и Бојан Стојков.

Ќе ги отпеам „Морска ѕвездо“, „Громови на душа“, „Излажи ме уште еднаш“ и „Тајно моја“, додека пак со Бојан Стојков ќе отпееме две песни во дует: „Немир“ и „Волим осмијех твој“, раскажала Андријана за Женски магазин за овој настан.

Пред се, Тоше беше голем уметник и човек. Тагата која ја остави со неговото заминување не престанува ниту по 15 години.

Неговите пријатели, колеги, роднини со задоволство се сеќаваат на пајачот. Сопругот на сестрата на Тоше, Славен Ристески во една прилика за српскиот портал „Новости“ проговори за пејачот и за годините без него.

На прашањето како поминале овие години без Тоше, дали се намалила болката, Славан одговори:

„Не постојат зборови со кои може да се опишат емоциите во семејството. Тоа е бескрајна тага која ќе остане засекогаш. Не е точно дека времето ја лечи болката. Човек учи да живее со тага. Но, еден ден е долг како една година. На сите ни недостига Тоше“.

Тој вели дека сите се сеќаваат на убавите моменти со пејачот.

„Секогаш се сеќаваме на заеднички моменти со Тоше. Заедно трениравме кик бокс, со децата шетавме низ Крушево, возевме велосипед. Често се децата ги разгледувам старите видеа и фотографии и се враќаме во време кога Тоше беше со нас“ вели зетот на Тоше.

Тој вели дека собата на Тоше е непромената.

„Собата остана непроменета. Тука се неговите фотографии, неговата облека, играчки“, вели Славен.

Тој во 2004 година беше именуван за регионален амбасадор на добра волја на UNICEF, а исто така е и добитник на хуманитарната награда “Мајка Тереза”.

Во текот на својата кариера, Тоше објави десет албуми, а неколку и во превод на српски и хрватски јазик.

Последниот албум на кој работеше беше „Игри без граници“, а по неговата загуба беа објавени уште три албуми со негови песни.

Еден од најголемите хитови на нашиот Тоше Проевски е музичката нумера насловена „Соба за тага“.

До сега, оваа музичка нумера не ја следеше никаква историја зад нејзиното смислување, но во последно време полека се откриваат вистинските легенди околу текстот на оваа песна.

Се зборува, дека оваа песна ја напишал маж и тоа за време на одлежувањето на неговата ка зна. Стиховите стигнале до менаџерката на Проевски, која внимателно ги проследила и заклучила дека ќе бидат хит.

Кружат гласини и дека затв ореникот – текстописец, воопшто не барал никаков паричен надоместок за направеното ремек дело. Единствено, сакал да стои посвета во оригиналниот албум, што и навистина се случило.

Инаку, На Инстаграм профилот на едно момче, уличен свирач од Кина, се појави видео на кој пее песна од нашиот Тоше Проески., напиша Слободен печат.

На видеото, музичарот ја пее „Још увјек сањам да смо заједно“. На инстаграм профилот е потпишан како Wang_xiao_chong и навистина плени со својот глас.

Тој среде плоштадот на Пекинг ја испеа и „Чија си“ познатата песна на Тоше со која тој настапи на Беовизија.

Коментарите под видеата се преполни со поддршка и срциња од македонските и балканските фанови на Тоше. На видеото коментитра манекенкана Емилија Розман која вели: Ти благодариме од сè срце! Прекрасен си!“.

Дора Проеска, сестрата на Тоше Проески, која воодушевена од изведбата на момчето од Кина кое ѝ ги погодило емоциите, ставила емотикон срце и аплауз за изведбата на песната од нејзиниот упокоен брат.

Денес како што напишавме на почетокот, Тоше ќе наполнеше 42 години, а емотивна посвета објавила неговата сестра Дора. Таа ставила емотикон со скршено срце и напишала 42. Дора и понатаму прави торта во чест на својот упокоен брат.

На тортата е напишано: Секој твој роденден Тоше, наша е воздишка, а до тортата стои слика од нашата непрежалена музичка легенда.